За владејачките партии пролетниот извештај е сигнал дека македонската евроинтеграција е меѓу приоритетите на проширувањето. Опозицијата смета дека власта нема интерес земјава да стане членка на Унијата
За владејачките партии пролетниот извештај за напредокот на Македонија е за поздравување и е сигнал дека македонската евроинтеграција е меѓу приоритетите на проширувањето. Опозицијата смета дека власта нема интерес земјава да стане членка на Унијата. Од Социјалдемократскиот сојуз уверуваат дека партијата има волја за спроведување на првомартовскиот договор во целост, но дека политички дијалог во земјава не постои.
„Во делот на она што ќе следи ние сме подготвени и во натамошниот период да дојдеме до брзо решение околу Комисијата за истраги, за случувањата од 24 декември и да го потпишеме меморандумот за ЕУ и НАТО интеграциите на земјата“, изјави Андреј Петров, генерален секретар на СДСМ.
Од Демократската унија за интеграција велат дека пораките од високите евро-дипломати треба да допрат до политичките лидери во земјава и тие посериозно да се посветат на исполнување на домашните задачи.
„Повикуваме партиите да седнат и малку посериозно да се посветат на исполнување на тн. „Мартовски договор“, за да може да очекуваме во летниот извештај да биде нотиран некаков конкретен напредок“, изјави Ермира Мехмети Деваја од ДУИ.
Пораките на Ештон за итно решение на името без одложување, од ДУИ не сакаат да ги коментираат. Велат дека албанските политичари во земјава треба да се воздржат од коментари на оваа тема, за да не бидат погрешно разбрани.
Од СДСМ повторуваат дека во однос на спорот за името, се она што е прифатливо за владата на Груевски е прифатливо и за СДСМ.
„Поширок мандат од тоа ниедна опозиција на ниедна влада не и дава“, изјави Петров.
Од Нова социјалдемократска партија велат дека Владата не прави ништо конкретно за спроведување на обврските договорени со Унијата. Не гледаат улсови за напредок и во однос на политичкиот дијалог.
„ВМРО-ДПМНЕ и Груевски се вкопани во својот став и инсистираат на чело на Комисијата да биде човек кој ќе има контрола, а тоа е невозможно“, изјави Тито Петковски од НСДП.
Од Демократскиот сојуз пак вината за отсуство на политички дијалог во земјава е на страна на опозицијата и нејзиното однесување во изминатите неколку месеци. Според лидерот на партијата Павле Трајанов, дипломатите на Европската унија се многу позаинтересирани за македонските евроинтеграции отколку носителите на високи политички функции во земјава.
„Договорот од 1-ви март треба докрај да биде испочитуван и што е можно побргу да се реализираат прифатените обврски, друга алтерантива немаме.“
Покрај напредокот во повеќе области од извештајот, еврокомесарот Филе ја истакна потребата од реализација на договорот од 1 март, кој вклучува формирање на Комисијата за истражување, постигнување на меѓупартиски Меморандум за разбирање за македонските евроинтеграции и продолжување на дијалогот со новинарите.
Вискиот комесар за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, пак, изјави дека спорпот за името мора да се реши без одложување и оти тоа е единствениот клуч за влез во европската зедница.
Во делот на она што ќе следи ние сме подготвени и во натамошниот период да дојдеме до брзо решение околу Комисијата за истраги за случувањата од 24 декември и да го потпишеме меморандумот за ЕУ и НАТО интеграциите на земјата.Андреј Петров, генерален секретар на СДСМ.
„Во делот на она што ќе следи ние сме подготвени и во натамошниот период да дојдеме до брзо решение околу Комисијата за истраги, за случувањата од 24 декември и да го потпишеме меморандумот за ЕУ и НАТО интеграциите на земјата“, изјави Андреј Петров, генерален секретар на СДСМ.
Од Демократската унија за интеграција велат дека пораките од високите евро-дипломати треба да допрат до политичките лидери во земјава и тие посериозно да се посветат на исполнување на домашните задачи.
Повикуваме партиите да седнат и малку посериозно да се посветат на исполнување на тн. „Мартовски договор“, за да може да очекуваме во летнито извештај да биде нотиран некаков конкретен напредок.Ермира Мехмети, ДУИ.