Црна Гора - Претседателски избори со двајца победници

Двајцата кандидати за претседател на Црна Гора, по неделните избори прогласија победа. Тие тоа го базираат врз пребројувањето на гласовите во нивните изборни штабови. Државната изборна комисија досега не се огласи со изборен резултат и покрај фактот што право на глас имаат само околу 500 илјади Црногорци.
Сегашниот претседател на Црна Гора Филип Вујановиќ соопшти дека пребројувањето на гласовите во неговата владејачка Демократска партија на социјалистите покажало оти тој го победил неговиот ривал од опозицискиот Демократски фронт Миодраг Лекиќ.

„Сакам да ви ги соопштам резултатите по конечното пребројување и да ја информирам црногорската јавност дека е остварен победничкиот резултат од 51,3, наспроти 48,7 насто од гласовите.“

Филип Вујановиќ


Ова веднаш беше оспорено од неговиот ривал Миодраг Лекиќ кој прогласувањето на Филип Вујановиќ дека победил на изборите го нарече државен удар.

„Врз основа на 97 насто од пребројаните гласови морам да ви соопштам дека граѓаните на Црна Гора ми укажаа доверба да бидам претседател на Црна Гора.“
Сепак и неколку часа по затворањето на избирачките места, Државната изборна комисија се немаше огласено за тоа разултатот од гласањето. Тоа и покрај фактот што во Црна Гора само 500 илјади луѓе имаат право на глас.

Лекиќ побара од Државната изборна комисија да биде на висина на задачата и додаде дека тој победил во сите поголеми градови во земјата, вклучувајќи ја и Подгорица.

Тој дури побара и вклучување на, како што рече, меѓународен фактор во црногорската постизборна ситуација, со цел да не се дозволи изборен грабеж.

Претседателот на Комисијата Иван Калезиќ ги отфрли ваквите обвинувања. Сепак и неколку часа по затворањето на избирачките места, Државната изборна комисија се немаше огласено за тоа разултатот од гласањето. Тоа и покрај фактот што во Црна Гора само 500 илјади луѓе имаат право на глас.

На сегашниот претседател Филип Вујановиќ ова му е трет пат што се кандидира на оваа функција. Претходно, Уставниот суд на Црна Гора донесе одлука дека ваквиот обид не претставува кршење на лимитот од два претседателски мандата.

Miodrag Lekic


Образложението е дека првиот мандат на Вујановиќ како претседател бил уште во времето пред Црна Гора да се раздвои од Србија и пред да стане независна држава во 2006 година.

Филип Вујановиќ му е близок соработник на премиерот Мило Ѓукановиќ кој над две децении владее во Црна Гора. Опозицијата го обвинува Ѓукановиќ за ширење на корупцијата и непотизмот во земјата.

За време на изборната кампања ниту Вујановиќ, ниту Лекиќ не понудија конкретен план за справување со економските проблеми.

Невработеноста во земјата изнесува над 20 насто, а просечната плата 615 долари. Токму справувањето со корупцијата и организираниот криминал е клучен услов за зачленување на Црна Гора во НАТО и Европската унија.