На сегашниот претседател Филип Вујановиќ ова му е трет пат што се кандидира на оваа функција. Претходно Уставниот суд на Црна Гора донесе одлука дека тоа не претставува кршење на лимитот од два претседателски мандата.
Образложението е дека првата победа на Вујановиќ за претседател била уште во времето пред Црна Гора да се раздвои од Србија и пред да стане независна држава.
Филип Вујановиќ кој му е близок соработник на премиерот Мило Ѓукановиќ вети дека доколку биде избран ќе работи за прогрес на демократијата и за влез на земјата во Европската унија и НАТО.
Вујановиќ е кандидат на владејачката Демократска партија на социјалистите ДПС, а го поддржуваат и Бошњачката партија, Хрватската граѓанска иницијатива и партијата која во црногорскиот парламент ги претставува етничките албанци во таа земја.
Неговиот ривал Миодраг Лекиќ формално е независен кандидат, но со целосна поддршка на опозицискиот Демократски фронт во кој спаѓаат партиите Нова српска демократија и Движењето за промени. Лекиќ го поддржаа и Социјалистичката народна партија и партијата Позитивна Црна Гора.
Социјалдемократската партија која инаку и е коалиционен партнер на Демократската партија на социјлистите ги повика нејзините членови да не излегуваат на претседателските избори, а ако излезат тогаш да направат нивниот гласачки лист да биде неважечки.
Според некои проценки, одѕивот на гласањето би можело да биде околу 40 проценти, со оглед на тоа што повеќето црногорци биле разочарани од долготрајните економски проблеми во земјата.
Над 512 илјади граѓани со право на глас избираат на 1169 гласачки места. Првите неофицијални резултати се очекуваат половина час по 20 часот, односно по затворањето на избиралиштата.
Доколку ниту еден од кандидатите на добие повеќе од половина од важечките гласови на избирачите кои излегоа на гласање, е предвиден втор круг по 14 денови.