Во Македонија има структури на кои им одговата хаосот, анализира професор Илија Ацески. Правото на протест е загарантирано, но тој треба да биде мирен, вели новиот министер за одбрана Талат Џафери.
Од МВР велат дека немаат формална најава дека ќе се одржат протести, но оттаму ги следат и сите неформални најави преку социјалните мрежи и ги преземаат сите превентивни мерки, вели портпаролот Иво Котевски.
„Веќе се селектирани неколку профили, ќе се утврдува идентитетот на лицата за да ни биде понатаму полесно идентификувањето доколку навистина дојде до протести и доколку се случат какви било инциденти, без разлика што досега не се најавени никакви законски протести.“
МВР истовремено апелира во превентивните мерки да се вклучат и сите социјални чинители, семејствата и училиштата, политичките партии, верските заедници да укажат дека не би смеело да дојде до никакво нарушување на јавниот ред и мир зашто тоа најостро ќе се санкционира.
Крајот на минатата недела остави непријатни слики откако и петочните и саботните протести завршија со насилство. Првичната реакција ја предизвика назначувањето на поранешниот командант во ОНА Талат Џафери на функцијата министер за одбрана. Правото на протест е загарантирано, но на мирен протест, посочува во неделното интервју за Радио Слободна Европа новоназначениот министер за одбрана, Талат Џафери.
„Сè друго е во надлежност на други институции и на други органи и одговорноста е на тие коишто ги организираат, односно ги иницираат.“
Тој упатува апел и во врска со сите инциденти кои би можеле да бидат предизвикани во текот на предизборната кампања, изборот е личен на тие што ќе решат да преземат дејствија кои што се косат со законот, но треба да сметаат на тоа дека таквите дејствија не подлежат на амнестирање.
Јасно е единствено дека одредени групи сакаат да создаваат тензии кои случајно или намерно се поклопуваат со почетокот на изборната кампања.
„Во Македонија постојат структури кои по големиот хаос во економијата, политиката, хаос во секојдневното живеење, им одговара за реализација на нивните цели, а тие цели главно се врзани за криминал, со заработувачка која е надвор од законите“, анализира професор Илија Ацески.
Расположението меѓу граѓаните го потврдува токму ваквото чувство и за голем дел од граѓаните ова е состојба која е ограничена на тие групи кои се појавуваат на протестите.
„Овој денешен народ колку е убав за лажење, не ти треба Америка за печалба и овде е супер.“
„Тоа се млади, тоа е политички маркетинг.“
Веќе се селектирани неколку профили, ќе се утврдува идентитетот на лицата за да ни биде понатаму полесно идентификувањето доколку навистина дојде до протести и доколку се случат какви било инциденти, без разлика што досега не се најавени никакви законски протести.Иво Котевски, портпарол на МВР.
„Веќе се селектирани неколку профили, ќе се утврдува идентитетот на лицата за да ни биде понатаму полесно идентификувањето доколку навистина дојде до протести и доколку се случат какви било инциденти, без разлика што досега не се најавени никакви законски протести.“
МВР истовремено апелира во превентивните мерки да се вклучат и сите социјални чинители, семејствата и училиштата, политичките партии, верските заедници да укажат дека не би смеело да дојде до никакво нарушување на јавниот ред и мир зашто тоа најостро ќе се санкционира.
Во Македонија постојат структури кои по големиот хаос во економијата, политиката, хаос во секојдневното живеење, им одговара за реализација на нивните цели, а тие цели главно се врзани за криминал, со заработувачка која е надвор од законите.Илија Ацески, универзитетски професор.