Филе - Власта и опозицијата да најдат решение за да се врати оптимизмот

Архивска фотографија.

Еврокомесарот рече дека вчера бил во важна посета на Македонија и дека се надева дека сите чинители ќе може да најдат решение на настаните што претходеа, се случија и следеа по 24 декември за да го одржи неговиот оптимизам на нивото од пред божиќните празници.
Евро-комесарот Штефан Филе изрази надеж дека власта и опозицијата во Македонија ќе најдат решение за политичката криза во земјата. На денешната прес-конференција во Стразбур, тој рече дека вчера бил во важна посета на Македонија и оти разговарал за подготовките за Пролетниот извештај на Европската комисија за Македонија.
По природа сум оптимист и се надевам дека сите чинители, и владата и опозицијата со поддршка од Претседателот, ќе може да најдат решение на настаните што претходеа, се случија и следеа по 24 декември за да го одржам мојот оптимизам на нивото од пред божиќните празници.
Штефан Филе, еврокомесат за проширување.

„По природа сум оптимист и се надевам дека сите чинители, и владата и опозицијата со поддршка од Претседателот, ќе може да најдат решение на настаните што претходеа, се случија и следеа по 24 декември за да го одржам мојот оптимизам на нивото од пред божиќните празници“, рече Филе.

Тој денеска има обраќање пред членовите на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур.

Средба на Министерот за надвореши работи Никола Попоски со еврокомесарот за проширување Штефан Филе, Брисел, Белгија.


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе вчера ненајавено дојде во Македонија и притоа се сретна со премиерот Никола Груевски, претседателот Ѓорге Иванов и со лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски.

Во СДСМ не дадоа никаква изјава за средбата со Филе.

Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски изјави дека зачестените посети на Филе се позитивни.

Тоа значи дека и Европската комисија и тој лично ја ставаат земјата високо на својата агенда. Агендата на ЕК и на нашата држава се поклопуваат на она место каде што имаме заеднички интерес што поскоро отпочнување на преговорите за членство. Ваквите интензивни посети од страна на комесарот Филе треба да се гледаат со позитивни очи.
Антонио Милошоски, поранешен министер за нарворешни работи.
„Тоа значи дека и Европската комисија и тој лично ја ставаат земјата високо на својата агенда. Агендата на ЕК и на нашата држава се поклопуваат на она место каде што имаме заеднички интерес - што поскоро отпочнување на преговорите за членство. Ваквите интензивни посети од страна на комесарот Филе треба да се гледаат со позитивни очи“, рече Милошоски.

Во Владата накусо рекоа дека со Филе се воделе разговори за евроагендата во контекст на пролетниот извештај на ЕК и за бојкотот на опозицијата при што изразиле конструктивност за надминување на предизвиците.

Македонските аналитичари сметаат дека зачестените средби на преговарачите со медијаторот Метју Нимиц како и посетите на претставниците на ЕУ во земјата укажуваат на позитивни сигнали во изнаоѓањето на решение за спорот со името.

Во меѓувреме портпаролот на грчкото МНР Григорис Делавекурас изјави дека македонските власти бараат начин како да го заобиколат проблемот со името, наместо да го решаваат и ја сносат одговорноста за понатамошниот развој на настаните по ова прашање. Потсетувајќи на претстојната средба на претставниците на двете земји со Нимиц кон крајот на јануари во Њујорк, портпаролот на грчкото МНР рече дека „се надева оти Скопје ќе покаже нов пристап, соодветен на она што Грција го покажа со меморандумот за разбирање кој му даде поттик и го оживеа процесот“ што се води со посредство на Нимиц.