Во Кумановско има многу верски христијански и исламски објекти, кои можат да бидат туристичка атракција. Голем број од нив, иако од големо национално значење се руинирани, запустени, запоставени и до нив нема соодветен приоден пат.
Кумановскиот регион изобилува со културно-историско богатство, особено со верски христијански и исламски објекти. Голем број од нив, иако од големо национално значење се руинирани, запустени, запоставени и до нив нема соодветен приоден пат. Оние пак кои се во подобра состојба и до кои лесно може да дојде секој патник добронамерник можат да бидат туристичка атракција. За тоа се неопходни финансиски средства кои главно треба да ги издвои нашата држава.
Славица Крстиќ историчар на уметноста и археолог во кумановскиот Музеј, за значењето на овие монументални обележја неодамна објaви и прва монографија насловена „Црковни споменици во Кумановско“, а исламските објекти пак ги претстави преку изложба.
„Од христијанските споменици има зачувано нешто повеќе од 40 зборувам за период од 11 до почеток на 20-ти век, додека бројот на исламските е намален.Тоа се главно џамии градени за време на османлиското владеење и датираат од 16-ти до 19-ти век. Од нив, две џамии се прогласени за споменици на културата. Тие датираат од 16-от век. Едната е во Табановце и една во Куманово. Таа во Табановце датира од последната деценија на 16-от век. Има и руинирани џамии во Виштица и Алашевце од 19-от век.“
Од христијанските објекти кои се зачувани и се во состојба во која би биле интересни за домашните и за странските посетители според Славица Крстиќ се.
„Позначајни и светски признаени се византиските цркви Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричино од 1313-та година и црквата Света Мала Богородица и Манастирот Матејче од 1346-48 година. Тие се меѓу најпосетените. Имаме и цркви кои до сега не се многу познати, но со монографијата и читателите и публиката ќе бидат запознаени дека се најбројни се оние од османлиското владеење. Тоа се во Младо Нагоричино црквата Св. Ѓорѓи Победоносец и Св. Петка кои се заштитени со закон, потоа Манастирот Карпино. Имено цркви има речиси во сите села, повеќето во козјачкиот крај.“
РСЕ: Како долгогодишен истражувач зошто го потенциравте тоа дека овие културно-историски споменици се од османлиското владеење?
„Го потенцирав тоа бидејќи во тоа време не се граделе големи градби, туку црквите биле градени налик на обични христијански куќи и скоро секое село имало црква.Важно е да споменам дека црквите тогаш биле главни културни и книжевни центри,токму за време на турското владење, а еден од нив е и Манастирот Карпино,се смета Св Ѓорѓи Победоносец дека исто така бил важен скрипторски центар, како и Манастирот Матејче.“
И покрај големото значење на Манастирот и црквата Света Мала Богородица во Матејче кои во конфликтот во 2001 –та година беa значително оштетени, Крстиќ вели дека црквата е конзервирана, заштитени се фреските од Конзерваторскиот центар во Скопје, а конаците се и натаму во руинирана состојба. Меѓутоа приодниот пат до манастирот е во многу лоша состојба, иако според Крстиќ има голем интерес за негова посета. Исто така до Манастирот Карпино, еден од значајните препишувачки центри, според стручњаците дури поголем и од Охридскиот препишувачки центар, посетителите можат да пристигнат единствено со теренски возила. За одбележување е што бројни посетители од Музејот бараат помош преку стручни лица кои би им биле водичи до сакралните објекти во Кумановско.
Крстиќ нагласува дека во Кумановско од посебно значење се црквите од преродбата, целиот 19-ти и првите две децении од 20 –от век.
„Тоа се црквите градени под влијание на црквите од Западна Европа. Влијание од барок и од рококо.Тогаш се градат монументални цркви,како типичен претставник е црквата Св Никола во Куманово. Црквата Св. Атанасие во Кокошиње која е непозната за пошироката јавност, а во која се ретки фрески што ги нема кај другите. Интересно е што тука се појавуваат ликови облечени во македонска народна носија. Фреските ги работеле последниот зограф Димитар Андонов Папрадишки и неговиот помошник Петар Николов од Велес.“
Во манастирите според Крстиќ се обрнува внимание на иконостасите за разлика од другите цркви каде има и живопис.
„Овдека живописот е изоставен на пример во Црквата Св. Богородица во Манастирот Забел во селото Никуљане, Св. Петка во Руѓинце посветена на Св. Ѓорѓи и во Бељаковце.“
И покрај тоа што кумановскиот регион изобилува со богато културно -историско наследство кое е главно запоставено, во меѓувреме се градат нови и христијански и исламски верски објекти. За конзервирање и одржување на старите вели Крстиќ неопходни се пари, а новите ги гради населението со сопствени средства.
Од христијанските споменици има зачувано нешто повеќе од 40 зборувам за период од 11 до почеток на 20-ти век, додека бројот на исламските е намален.Тоа се главно џамии градени за време на османлиското владеење и датираат од 16-ти до 19-ти век. Од нив, две џамии се прогласени за споменици на културата. Тие датираат од 16-от век. Едната е во Табановце и една во Куманово. Таа во Табановце датира од последната деценија на 16-от век. Има и руинирани џамии во Виштица и Алашевце од 19-от век.Славица Крстиќ, историчар на уметноста и археолог во кумановскиот Музеј.
Славица Крстиќ историчар на уметноста и археолог во кумановскиот Музеј, за значењето на овие монументални обележја неодамна објaви и прва монографија насловена „Црковни споменици во Кумановско“, а исламските објекти пак ги претстави преку изложба.
„Од христијанските споменици има зачувано нешто повеќе од 40 зборувам за период од 11 до почеток на 20-ти век, додека бројот на исламските е намален.Тоа се главно џамии градени за време на османлиското владеење и датираат од 16-ти до 19-ти век. Од нив, две џамии се прогласени за споменици на културата. Тие датираат од 16-от век. Едната е во Табановце и една во Куманово. Таа во Табановце датира од последната деценија на 16-от век. Има и руинирани џамии во Виштица и Алашевце од 19-от век.“
оа се црквите градени под влијание на црквите од Западна Европа. Влијание од барок и од рококо.Тогаш се градат монументални цркви,како типичен претставник е црквата Св Никола во Куманово. Црквата Св. Атанасие во Кокошиње која е непозната за пошироката јавност, а во која се ретки фрески што ги нема кај другите. Интересно е што тука се појавуваат ликови облечени во македонска народна носија. Фреските ги работеле последниот зограф Димитар Андонов Папрадишки и неговиот помошник Петар Николов од Велес.Славица Крстиќ, историчар на уметноста и археолог во кумановскиот Музеј.