Годинешното одбележување на 11 Октомври ја комплетира својата програма во две паралелни насоки. Додека властите имаат официјална програма, најголемата опозициска партија реши од 11 октомври да ја почне серијата митинзи низ неколку градови во Македонија. Одбележувањето на празникот се совпаѓа со периодот на исчекување на извештајот на Европската комисија и резултатите од самитот на НАТО во ноември. Важно за луѓето е и тоа што во меѓувреме, и натаму слаба точка е економското заздравување од глобалната економска криза која не ја одбегна земјава. Така невработеноста во вториот квартал од годината изнесува 32,1 процент.
,,Мислам дека се се случува заради оваа електризација на политичката сцена, нели сега доаѓа и периодот за извештаите од ЕК, па самитот на НАТО така што веројатно главните збиднувања се заради овој тајминг.„
,,Кога јас имам само една пензија, а другите три членови во мојата фамилија не работат.“
,,Не ги одбележуваме празниците, всушност некои да, некои не, а конкретно 11 Октомври не. Да има концетри, да се анимираат граѓаните.“
,,Секој за себе, ниту едната, ниту другата партија, ништо не направија за нас.“
Настаните пред 11 октомври во 1941 година, првата пушка во Прилеп и Куманово и многу други настани од тој период се важни зашто македонскиот народ се приклучил кон антифашистичката војна. Денес пак, партиите ја заоструваат идеолошката дебата. Некои работи кои пред 4 години сме мислеле дека се важни во колективната свест, денес се негираат, се прават нови споменици, коментираат во СДСМ. Зоран Заев вели дека креваат востание, но дека во исто време ја почитуваат рамката на политичко дејствување:
,,Заборавен е и НОБ и перидот на НОБ и сме убедени како една од поголемите политички партии во државата да после долго време дадеме значаен придонес во одбележувањето на еден ваков настан, а преку тоа да им потенцираме на граѓаните дека и овој период одисторијата на Македонија е значаен.“
За партијата што е во моментов на власт заедно со коалициските партнери најважно е да се слави и одбележи празникот достоинствено, а дали некоја од другите партии ќе го искористи празникот за политичка пресметка со конкуренцијата, останува нивна одговорност вели Силвана Бонева
,,Има други денови кога може да се искаже и незадоволство и протести и се друго, но останува во рамките на политичката партија и нејзината проценка, дали е добро во одреден момент да покренува некои чекори.“
На 11 Октомври во Прилеп се и опозицијата и власта, зашто и локалната власт не отстапува тој ден таму да организира прослава. Градоначалникот вети дека ќе ја прилагоди прославата според тајмингот на протестот. Во пораката СДСМ пак констатира дека е дојдено време за промена на според нив не народната власт и обезбедување подобар живот.
Убедени сме како една од поголемите политички партии во државата да после долго време дадеме значаен придонес во одбележувањето на еден ваков настан
,,Мислам дека се се случува заради оваа електризација на политичката сцена, нели сега доаѓа и периодот за извештаите од ЕК, па самитот на НАТО така што веројатно главните збиднувања се заради овој тајминг.„
,,Кога јас имам само една пензија, а другите три членови во мојата фамилија не работат.“
,,Не ги одбележуваме празниците, всушност некои да, некои не, а конкретно 11 Октомври не. Да има концетри, да се анимираат граѓаните.“
,,Секој за себе, ниту едната, ниту другата партија, ништо не направија за нас.“
Настаните пред 11 октомври во 1941 година, првата пушка во Прилеп и Куманово и многу други настани од тој период се важни зашто македонскиот народ се приклучил кон антифашистичката војна. Денес пак, партиите ја заоструваат идеолошката дебата. Некои работи кои пред 4 години сме мислеле дека се важни во колективната свест, денес се негираат, се прават нови споменици, коментираат во СДСМ. Зоран Заев вели дека креваат востание, но дека во исто време ја почитуваат рамката на политичко дејствување:
,,Заборавен е и НОБ и перидот на НОБ и сме убедени како една од поголемите политички партии во државата да после долго време дадеме значаен придонес во одбележувањето на еден ваков настан, а преку тоа да им потенцираме на граѓаните дека и овој период од
Има други денови кога може да се искаже и незадоволство и протести и се друго