Достапни линкови

Старо Нагоричане се збратими со Добровник


Од средбата меѓу градоначалниците на Старо Нагоричане и Добровник, Миодраг Јовановиќ и Марјан Кардинар.
Од средбата меѓу градоначалниците на Старо Нагоричане и Добровник, Миодраг Јовановиќ и Марјан Кардинар.

Од збратимувањето и потпишаниот меморандум за соработка со словенечката општина Добровник се очекува тамошните искуства да се пренесат во Старо Нагоричане.

Општината Старо Нагоричане со околу пет илјади жители кои живеат на голема површина, во населби од расфрлан тип, во Козјачко-пчињскиот регион,е една од понеразвиените во државава, без оглед на природните убавини, на ресурсите, бројни културно-историски споменици и археолошки локалитети, геотермален извор.
Две децении локалната самоуправа само се обидува оваа Општина да ја крене до нивото на добар туристички развој особено што постојано доаѓаат посетители од сите страни на светот. Но, и да започне со економски развој. До сега многу започнати проекти не дадоа големи резултати.
Да можеме да соработуваме на некои проекти, особено нашите искуства од Добровник да ги пренесеме во Старо Нагоричане, а тие пак нам да ни ги пренесат нивните.“
Марјан Кардинар, градоначалник на Добровник.

Од збратимувањето и потпишаниот меморандум за соработка со словенечката мала Општина Добровник се очекува тамошните искуства да се пренесат во Старо Нагоричане. Посетата на градоначалникот на Добровник Марјан Кардинар со неговата екипа и разговорите со локалната самоуправа на Старо Нагоричино констатирано е дека постојат услови за добра соработка. Што е тоа што ги врзува двете мали Општини од Македонија и од Словенија, Кардинар вели:
Општина Старо Нагоричaнe
x
Општина Старо Нагоричaнe

„Соработката меѓу Македонија и Словенија е многу долга. Она што мене ме врзува за Македонија се добрите спомени и искуства. Прво бев поради куглање, потоа поради борење, па на Скопскиот саем, и така дојде до средба со сегашниот пријател Миодраг Јовановиќ. За неколку минути дојдовме до позитивни чувства за многу слични размислувања во развојот на неразвиените подрачја. Да го оставиме сега тоа, и Македонија и Старо Нагоричане, имаат големи и добри ресурси. Можеби во некои погледи се и подобри од нас заради природните богатства. Затоа треба да чекориме полека, но сигурно. Да можеме да соработуваме на некои проекти, особено нашите искуства од Добровник да ги пренесеме во Старо Нагоричане, а тие пак нам да ни ги пренесат нивните.“
Тоа е и нашиот приоритет. Нашиот извор во бањата Стрновац со своите потенцијали, со температурата на водата до 39 степени Целзиусови да може да ни послужи за одгледување на оранжериско производство
Миодраг Јовановиќ, градоначалник на општина Старо Нагоричане

Добровник е мала општина со нешто помалку од илјада и петстотини жители, кои живеат на само 31 квадратен километар. Но, во оваа тријазична средина во која освен Словенците живеат и Унгарци и Роми, успешно се произведуваат лековити билки, геотермални извори се користат за одгледување орхидеи, имаат најубаво и најмодерно училиште и градинка во Словенија, винарија со висококвалитетно вино, голем број туристи кои секоја година го подобруваат општинскиот буџет. Кардинар вели дека од минатото кога живеевме во заедничка држава Југославија треба да се извлече само позитивното. И она што особено е важно, според Кардинар е:

„Најдобро да знаеш што сакаш да работиш и да знаеш да го работиш. Ние ја имаме Европа, но тоа не е решение. Решение е знаење и воља да работиш со она што го имаш. Европа може само да ни помогне побрзо и полесно да дојдеме до некои средства. Во нашата општина за 13 години ние ги искористивме сите ресурси. Го искористивме она што го имаме заедно со мојата екипа. Сега малку ни е полесно бидејќи некои проекти веќе ги завршивме. Со единствената цел младите луѓе да ги задржиме дома, а тоа значи да им обезбедиме работа.“

Градоначалникот на Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ додава:

„Нашата соработка е во интерес на подобрување на економијата и подобрување на животните услови на населението кое живее во оваа Општина. Ќе соработуваме на проекти за развој на индустријата, за заштита на животната околина, бидејќи Старо Нагоричане е еколошка средина, имаме многу сличности, а со потпишување на меморандумот за соработка и збратимување, ќе настојуваме да донесеме инвеститори, бидејќи оваа општина има потенцијал за развој на туризмот поради културно -историските споменици. А искуствата од Добровник може да се применат во искористување на природните богатства.“

И во Старо Нагоричино и во Добровник постојат геотермални извори. Кардинар за нивните искуства вели:

„Геотермалната енергија ја искористивме за подигање на стакленици благодарние на двајца млади агрономи кои на првата средба ми рекоа дека мојата најголема помош е да не им пречам во нивниот проект. Така почнавме, а сега имаме годишно прозиводство на повеќе од еден милион орхидеи.“

За ова Јовановиќ додава:

„Тоа е и нашиот приоритет. Нашиот извор во бањата Стрновац со своите потенцијали, со температурата на водата до 39 степени Целзиусови да може да ни послужи за одгледување на оранжериско производство.“

Кардинар кого за Македонија го врзуваат убави спомени уште преку неговиот татко кој бил војник во Струмица, а неговата сопруга постигнала врвни резултати во куглање токму во Македонија, но и преку нашите успешни трактористи завршува:

„Некогаш бевме во заедничка држава Југославија и тоа треба да го нагласиме во позитивна смисла. Македонија веќе е во Европа преку успешните трактористи кои три-четири години се членови на Сојузот на светските орачи“, забележува Кардинар.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG