Драган Даутовски го открива патот на тамбурата

Драган Даутовски со неговиот квартет за време на концертен настап.

„Тамбурата во Македонија“ е насловена книгата на професор Драган Даутовски што излезе од печат деновиве. Се работи за аналитички труд кој го потенцира значењето на инструментот во македонската традиционална музика.
Тамбурата е еден од најмагичните инструменти кои му ги потшепнал Создателот на човекот. Таа поседува богатство од музички лиризам. Патот на свилата е добро познат, но патот на тамбурата се' уште не е доволно откриен. Драган Даутовски токму тоа го прави. Тој е волшебник на речиси сите народни инструменти кои постојат кај нас. Но, кон тамбурата има посебен афинитет. Таа може да ги изрази сите чувства ако е во рацете на мајстори каков што е Даутовски.
Станува збор за еден труд кој има големо значење за идентитетот на овој народ затоа што инструментите звучат и пеат, односно свират онака како што народот чуствува во душата.
Драган Даутовски, музичар.

Со овие зборови поетот Ефтим Клетников го поздрави излегувањето на книгата Тамбурата во Македонија на еден од врвните македонски музички уметници Драган Даутовски.

Драган Даутовски

Се работи за издание кое е сублимат на искуството и долгогодишниот процес на истражување на овој наш инструменталист и професор на отсекот за народни инструменти на Музичката академија. Согласно на тоа, книгата покрај аналитичкиот теориски дел содржи и мноштво од фотографии и практичен сегмент со кој му се укажува на секој оној што ќе посака да ја изучува тамбурата на каков начин да и пријде.
Никојпат инструменталистот не може до крај да ја совлада техниката на самиот инструмент, затоа што кој ќе биде тој што ќе каже да ова е крајот на можностите на тој инструмент.
Драган Даутовски, музичар.

„Станува збор за еден труд кој има големо значење за идентитетот на овој народ затоа што инструментите звучат и пеат, односно свират онака како што народот чуствува во душата. Тој труд е во силна едукативна функција, ќе послужи не само за стручните музичко-образовни институции, туку и на оние кои сакааат да осознаат што е тамбурата, каков инструмент е“, вели Даутовски.

Од друга страна, тој дополнува дека колку и да успеал да допре до тајните на тамбурата и натаму овој инструмент останува голема мистерија на која тој постојано и упорно ќе и се навраќа.

„Никојпат инструменталистот не може до крај да ја совлада техниката на самиот инструмент, затоа што кој ќе биде тој што ќе каже да ова е крајот на можностите на тој инструмент.“

Инаку, како немирен дух, уметникот и во годинава што следува ќе ја продолжи концертната активност промовирајќи ја пројавноста на сопствената интима – проектот „Во хармонија“, а најавува и засилена активност на својот квартет.

„Малку околу празниците ќе празнуваме, меѓутоа таму некаде на пролет здравје боже ќе почнеме со квартетот интензивни концертни настапи. Ќе направиме медум, дали тоа ќе биде ЦД или ќе видиме што, блурејот ќе го издадам сигурно без разлика дали во светот паѓаат или се губат интересите за таа форма тој медиум, јас сметам деа таквите трајни вредности во било која форма треба да бидат запишани.“