Достапни линкови

Нов проект на Драган Даутовски


Драган Даутовски
Драган Даутовски

New Project е насловен новиот музички израз на македонскиот виртуоз на народни инструменти и артист на УНЕСКО Драган Даутовски.

Не многу по одличниот настап со својот квартет на престижниот фестивал на класична музика во Марибор, Словенија и по учеството во мултимедијалниот светски проект Timeline каде што музицираше на неолитската топчеста флејта, професорот Драган Даутовски реши да ја стори и промоцијата на својот нов музички израз насловен како New Project. Настанот е предвидено да се одржи овој петок од 21 часот и 30 минути во клубот на Младинскиот културен центар во Скопје, а негови музички собеседници овојпат ќе бидат синот Ратко Даутовски на удиралки, Живко Чиритовски на саксафон и Мартин Јосифовски на бас.
Како уметник со богат творечки опус, долгогодишно педагошко искуство и богата концертна активност на домашните и на светските сцени,
Сето тоа ми е провокација која што со години наназад ме следи, јас ги сакам инструментите, понекогаш сакам да бидам и жонглер на нив, да ги искористам нивните можности како инструмент, да земам еден здив пред она што ме очекува и што е моја обврска понатаму во животот, а тоа е сериозниот однос кон самиот себе.
Драган Даутовски.
Даутовски за ваквиот исчекор забележува дека тоа е попатна станица во неговото артистичко битисување на која тој сака да си земе воздух, да се одмори и по почивката да го продолжи сопственото артистичко патешествие.

„Сето тоа ми е провокација која што со години наназад ме следи, јас ги сакам инструментите, понекогаш сакам да бидам и жонглер на нив, да ги искористам нивните можности како инструмент, да земам еден здив пред она што ме очекува и што е моја обврска понатаму во животот, а тоа е сериозниот однос кон самиот себе.“

Тој дополнува дека проектот е неговиот обид наново да и се доближи на електронската музика и клупската сцена, нешта на кои, како што вели,
Светската ситуација и во музичката индустрија, пиратерија, политиката на музичките продавници кај нас да речеме итн, тоа дури ме навредува и неможам јас во мојата музика да вложувам дури и мои пари... ако нема, немора
Драган Даутовски
подзаборавил во последно време.

„Станува збор за простор каде што може еден добар изведувач на инструментариумот што го има во рацете да даде некаква тежина.“

Говорејќи, пак, за делувањето на ДРАГАН ДАУТОВСКИ КВАРТЕТ уметникот потенцира дека оваа формација сама по себе според зрелоста на инструменталистите и нивниот однос кон сцената е веќе класика, но дека сепак сеуште не се решаваат да го објават новиот албум.

„Светската ситуација и во музичката индустрија, пиратерија, политиката на музичките продавници кај нас да речеме итн, тоа дури ме навредува и неможам јас во мојата музика да вложувам дури и мои пари... ако нема, немора.“

Инаку, според најавите квартетот во догледен период го очекува нова серија на перформанси на европските сцена, тие треба да ја одработат и неколкупати одложуваната турнеја во Австралија, а Драган Даутовски конечно до крајот на оваа календарска година треба да ја заокружи и сопствената интима – концептот Клуч.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG