Од добра замисла до музичко-естетска лоша реализација, наместо непристрасен и слободен избор, крајно сомнителни критериуми и рангирање на македонските хитови што оставиле белег со својата популарност и афирмација на Македонија. Тројното ЦД уште пред да биде промовирано наиде на жестоки критики и оспорувања, како од музичките рецензенти, така и од авторите и пејачите.
Меѓу 60-те песни избрани на отворен конкукрс, не се најдоа композиции, музички имиња и групи кои навистина се мини-енциклопедија на естрадата. Нема многу песни и хитови, фолк и поп пејачи што по изворните интерпретации, аранжмани, музиката, се автентичен и нотен израз на made in Македонија.
„Искрено да ви кажам „Најдоброто од Македонија“ на ниту една листа јас не го видов, имаме големи имиња, групи, поединци што направиле многу за македонската култура и сепак можам да кажам дека можеби и светот подобро знае што е најдоброто, отколку самите ние“, вели Анета Шуланковска од етно групата Синтезис.
Како е формиран и реализиран конкурсот, говори Мери Попова:
„Согласно композициите, значи 300 композиции беа понудени на слушателите, на гледачите и на сите посетители на сајтот „Најдоброто од Македонија“ и од нив се избра по 20 композиции од секој жанр.“
Мери Попова, музички уредник во јавниот сервис, открива дека во жиријата биле композиторите Костов, Мирковски и Спасовски за детските хитови, забавниот дел го селектирале Митиќ, Стефановска и Димитров од Македонското радио, како и Мирчевски и таа, додека во народната изборот го правеле Поповска, Гелевски, Фириев и Фис, сите вработени во МРТВ.
„Извлековме максимум што можеше да се направи, како гласала јавноста, тоа е тоа.“
Блогерот Филип Стојановски објави блог запис со наслов „За Владата, Синтезис, Анастасија и Даутовски квартет не се битни за македонската музика“.
„Треба да има јасен критериум ако се прави национален избор, ако е државен избор, во оваа држава се пее и на многу други јазици освен на македонскиот, како тогаш да очекуваме дека луѓето кои што не се етнички Македонци би се идентификувале со државата.“
При изборот на музичкиот продукт наместо квалитетот се форсирал кич, преовладувале лични вкусови, роднински врски и пристрасни критериуми на фаворизации, оценува Тина Иванова музучки критичар од Утрински весник:
„Особено иритира делот за народната музика каде што се сместени песни со турбо фолк, значи не се содржани теми кои што ја бележат македонската музичка фолклорна тематика, туку промовираат кич вредности.“
Анета Шуланковска од Синтезис реагира:
„Изоставувањето од листата на групата Синтезис и многу други кои што се изоставени, сметам дека е голем преседан.“
Инаку, култната група Синтезис досега имаше над 50-тина концерти низ светските подиуми.
На денот на независноста тројното цеде со по симболични 20 композиции со поп, народни и детски мелодии, ќе биде делени со се уште необјавен тираж. Овој проект на Агенцијата за спорт и млади е дел од прославата по повод две децении самостојна македонска држава. Јавните критичари оценуваат дека тоа сепак нема да биде вистински алманах на македонската музика и авторство.
„Но, дефинитивно се праќа порака и до авторите кои што се значајни, а не се влезени и до луѓето на кои што им е важна македонската музика да има одреден светски шмек“, коментира Филип Стојановски, блогер.
Можеби и светот подобро знае што е најдоброто, отколку самите ние.Анета Шуланковска од Синтезис.

Извлековме максимум што можеше да се направи, како гласала јавноста, тоа е тоа.Мери Попова, музички уредник во Забавната редакција на МТВ.
Блогерот Филип Стојановски објави блог запис со наслов „За Владата, Синтезис, Анастасија и Даутовски квартет не се битни за македонската музика“.
„Треба да има јасен критериум ако се прави национален избор, ако е државен избор, во оваа држава се пее и на многу други јазици освен на македонскиот, како тогаш да очекуваме дека луѓето кои што не се етнички Македонци би се идентификувале со државата.“
При изборот на музичкиот продукт наместо квалитетот се форсирал кич, преовладувале лични вкусови, роднински врски и пристрасни критериуми на фаворизации, оценува Тина Иванова музучки критичар од Утрински весник:
„Особено иритира делот за народната музика каде што се сместени песни со турбо фолк, значи не се содржани теми кои што ја бележат македонската музичка фолклорна тематика, туку промовираат кич вредности.“
Анета Шуланковска од Синтезис реагира:
Особено иритира делот за народната музика каде што се сместени песни со турбо фолк.Тина Иванова, музучки критичар од „Утрински весник“.