Големиот проект Скопје 2014 ќе ги осветли првите големи пунктови на неговото препознавање и идентитет. Речиси истовремено се планира отворање на два споменика на Александар, како Воин на коњ, високо
издигнат во центарот на Скопје, но и скулптура од два метри, со ликот на Александар Велики, на истоимениот скопски аеродром.
За прв пат во поствоена Македонија е изградена победничка порта низ која ќе дефилираат армиски ешалони, основци, политичари и јавни личности.
Самиот проект на нова визуализација на скопскиот плоштад се уште наидува на контраверзни реакции, иако маркантната фигура на Александар ги собира и восхитува домашните и странски гости.
„Се знае дека тоа е споменик на Александар. Прашањето на тоа како сега се именува скулптурата на Александар со општа одредница тоа е веројатно цена на дневната политика“, вели архитектот Вангел Божиновски.
Тој и натаму го брани цивилизацискиот код на милениумскиот идентитет на Македонија.
Универзитетскиот професор Нинослав Ивановски со поинаков став:
„Плоштадот на градовите во современата цивилизација, па и порано се места на некакви илјадници интимни приказни. Денеска она што се случува на плоштадот и околу него тоа е една величенствена победа на невкусот и кичот, затоа што се неприродни тие споменици, неприродни се по своето место, по својата големина, по своите историски димензии, тоа е нешто што е со сила наметнато.“
Иако е еден од врвните лекари, како чест урбан колумнист беше еден одважен критичар на мегаломанското уредување и естетско-историско обликување на плоштадот Македонија.
Композиторот Кире Костов компонира оригинална свечена песна што ќе се изведе за време на свеченоста токму на плоштадот Македонија.
„Тоа е композиција која апсолутно не ја менува македонската химна, македонската химна си останува како химна, а ова е нешто по повод, односно ода, нешто што има свечен карактер, која што обработува текст за Македонија од исходот па до денес, разликата е во тоа што станува збор за мултимедијален проект на кој што ќе учествуваат многу ансамбли, многу солисти. Каролина Гочева нема да ја изведе оваа песна, тоа е дезинформација.“
„Не можам да ви кажам сега“, коментира, авторот на нотите, еден од најафирмираните композитори и диригент Кире Костов.
Се знае дека тоа е споменик на Александар. Прашањето на тоа како сега се именува скулптурата на Александар со општа одредница тоа е веројатно цена на дневната политика.
издигнат во центарот на Скопје, но и скулптура од два метри, со ликот на Александар Велики, на истоимениот скопски аеродром.
За прв пат во поствоена Македонија е изградена победничка порта низ која ќе дефилираат армиски ешалони, основци, политичари и јавни личности.
Самиот проект на нова визуализација на скопскиот плоштад се уште наидува на контраверзни реакции, иако маркантната фигура на Александар ги собира и восхитува домашните и странски гости.
„Се знае дека тоа е споменик на Александар. Прашањето на тоа како сега се именува скулптурата на Александар со општа одредница тоа е веројатно цена на дневната политика“, вели архитектот Вангел Божиновски.
Тој и натаму го брани цивилизацискиот код на милениумскиот идентитет на Македонија.
Универзитетскиот професор Нинослав Ивановски со поинаков став:
„Плоштадот на градовите во современата цивилизација, па и порано се места на некакви илјадници интимни приказни. Денеска она што се случува на плоштадот и околу него тоа е една величенствена победа на невкусот и кичот, затоа што се неприродни тие споменици, неприродни се по своето место, по својата големина, по своите историски димензии, тоа е нешто што е со сила наметнато.“
Иако е еден од врвните лекари, како чест урбан колумнист беше еден одважен критичар на мегаломанското уредување и естетско-историско обликување на плоштадот Македонија.
Денеска она што се случува на плоштадот и околу него тоа е една величенствена победа на невкусот и кичот.
Композиторот Кире Костов компонира оригинална свечена песна што ќе се изведе за време на свеченоста токму на плоштадот Македонија.
„Тоа е композиција која апсолутно не ја менува македонската химна, македонската химна си останува како химна, а ова е нешто по повод, односно ода, нешто што има свечен карактер, која што обработува текст за Македонија од исходот па до денес, разликата е во тоа што станува збор за мултимедијален проект на кој што ќе учествуваат многу ансамбли, многу солисти. Каролина Гочева нема да ја изведе оваа песна, тоа е дезинформација.“
РСЕ: Кој ќе ја изведе песната?