За турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган неразбирливо и неправедно е однесувањето на Грција по прашањето за името. Тој изрази поддршка за македонските евроинтеграции.
Политичките односи меѓу Македонија и Турција се искрени и пријателски, а економските односи треба да ја следат таа линија, порача турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган кој пристигна во дводневна официјална посета на Македонија.
„Лани македонско-турската трговска размена беше 310 милиони долари, а за годинава веруваме дека таа ќе достигне 410 милиони долари. Оваа бројка уште ни изгледа мала и треба да се зголеми“, најави Ердоган на заедничка прес-конференција со премиерот Никола Груевски.
Целта е трговската размена меѓу двете земји да достигне 1 милијарда долари, дециден е првиот човек на турската влада.
Токму заради продлабочувањето на економските односи, во делегацијата на Ердоган се и стотина турски бизнисмени кои утре ќе одржат заеднички бизнис форум со нивните македонски колеги. Ердоган утре треба да ги посети и Тетово и Гостивар.
Турскиот премиер изрази недвосмислена поддршка на заложбите на земјава за членство во ЕУ. Свесен дека и по 40 години чекање, неговата земја, сепак нема да влезе во ЕУ пред Македонија, Ердоган посака „Аирлија“ на патот кон Унијата.
За турскиот премиер, однесувањето на Грција во спорот за името е „неразбирливо и неправедно“.
„Грчкиот став за нас е неразбирлив и неправеден. Грчкото име се знае, тоа е Грција, и во тој контекст додавките како Горна, Долна, Северна немаат никакво значење. Ваквите слични видувања се неправедни“, рече Ердоган.
Премиерот Груевски се заблагодари на подршката и посочи дека добрите односи меѓу двете земји наоѓаат поткрепа и во договорот за стратешко партнерство.
„Ја истакнав и благодарноста од нашата нација до пријателската турска држава за почитувањето и поддршката на нашите права и интереси, за заштита на нашиот идентитет и уставното име Република Македонија“, рече Груевски.
Турскиот премиер се сретна и со претседателот Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, а се среќава и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Сопругите на двајцата премиери, Боркица Груевска и Емине Ердоган, пак, ја посетија Детската амбасада „Меѓаши“ во Скопје.
Турција е втора земја, по Бугарија, што ја призна независноста на Македонија и единствената која го употребува уставното име на земјава во мултилатералната комуникација. Во докуметите на НАТО, каде што Турција е членка, во фуснота стои дека Турција ја признава поранешната југословенска Република Македонија под нејзиното уставно име Република Македонија.
Лани македонско-турската трговска размена беше 310 милиони долари, а за годинава веруваме дека таа ќе достигне 410 милиони долари. Оваа бројка уште ни изгледа мала и треба да се зголеми.Реџеп Таип Ердоган, премиер на Турција.
„Лани македонско-турската трговска размена беше 310 милиони долари, а за годинава веруваме дека таа ќе достигне 410 милиони долари. Оваа бројка уште ни изгледа мала и треба да се зголеми“, најави Ердоган на заедничка прес-конференција со премиерот Никола Груевски.
Целта е трговската размена меѓу двете земји да достигне 1 милијарда долари, дециден е првиот човек на турската влада.
Токму заради продлабочувањето на економските односи, во делегацијата на Ердоган се и стотина турски бизнисмени кои утре ќе одржат заеднички бизнис форум со нивните македонски колеги. Ердоган утре треба да ги посети и Тетово и Гостивар.
Турскиот премиер изрази недвосмислена поддршка на заложбите на земјава за членство во ЕУ. Свесен дека и по 40 години чекање, неговата земја, сепак нема да влезе во ЕУ пред Македонија, Ердоган посака „Аирлија“ на патот кон Унијата.
Грчкиот став за нас е неразбирлив и неправеден. Грчкото име се знае, тоа е Грција, и во тој контекст додавките како Горна, Долна, Северна немаат никакво значење. Ваквите слични видувања се неправедни.Реџеп Таип Ердоган, премиер на Турција.