Во манастирот Свети Јован Бигорски, пред огромен број посетители, се случи македонската премиера на документарниот филм Метох на режисерот Стојан Вујичиќ.
„Метох“, 20-минутниот документарец на режисерот Стојан Вујичиќ, кој е сниман во текот на 2010 година во македонските манастири Свети Јован Крстител, познат како Бигорски и во женскиот Свети Ѓорѓи Победоносец во Рајчица крај Дебар, говори за секојдневието на овдешната монашка заедница и за мотивите што ги инспирирале некои од нејзините членови да донесат одлука за замонашување. Наедно во него е претставен начинот како се иработуваат познатите епископски капи, таканаречените митри, а кои ги носат владиците од многу православни земји.
Всушност, филмот порачува дека животот не е само она што секојдневно го гледаме, а потсетувајќи се на атмосферата од македонската премиера на делото режисерот Вујичиќ ќе забележи:
„Некако го примија филмот како, еве сега видовме дека целата онаа радост и среќа што се огледува во филмот и за која самите монаси и монахињи зборуваат за неа, дека тоа не се луѓе кои што се кријат позади некакви ѕидини, туку уживаат, среќни се со Бога и живеат со Бога... ете таа радост и среќа успеаа да се пренесе и на останатите.“
„Метох“ е сниман по идеја на Викторија Стефковска, продуцент беше Огнен Антов, а во неговата реализација учествуваа Езоп продукција и Дрим фектори. Филмот деновиве ќе биде прикажан и во Марков манастир крај Скопје, а потем започнува и неговото патешествие по фестивалите низ светот.
„Најблиску до сега е можеби еден фестивал кој се одржува во Азија и во азиските делови, значи во Катманду, така што мене крајно интересно ќе ми биде да однесам еден филм со христијански вредности на тло каде будизмот е многу поприсутен.“
Инаку, Вујичиќ кој е автор и на делата Крајот на светот е и почеток на светот, Дишењето ме одржува, а работел и како продуцент и директор на фотографија на повеќе остварувања, мометално е фокусиран на завршувањето на филмот Што е љубов? инаку сниман на неколку континенти со луѓе од 40-тина нации и посебно на приказната за македонскиот змеј.
„По преданијата постоел змеј којшто се криел и крадел девојки, меѓутоа најбитната работа со него е дека ако успее да ја фати ламјата на територијата на Македонија ќе добиме просперитет. Така го замисливме како комплетна мултимедијална проекција.“
Некако го примија филмот како, еве сега видовме дека целата онаа радост и среќа што се огледува во филмот и за која самите монаси и монахињи зборуваат за неа, дека тоа не се луѓе кои што се кријат позади некакви ѕидини, туку уживаат, среќни се со Бога и живеат со Бога.Стојан Вујичиќ, режисер.
Всушност, филмот порачува дека животот не е само она што секојдневно го гледаме, а потсетувајќи се на атмосферата од македонската премиера на делото режисерот Вујичиќ ќе забележи:
„Некако го примија филмот како, еве сега видовме дека целата онаа радост и среќа што се огледува во филмот и за која самите монаси и монахињи зборуваат за неа, дека тоа не се луѓе кои што се кријат позади некакви ѕидини, туку уживаат, среќни се со Бога и живеат со Бога... ете таа радост и среќа успеаа да се пренесе и на останатите.“
„Метох“ е сниман по идеја на Викторија Стефковска, продуцент беше Огнен Антов, а во неговата реализација учествуваа Езоп продукција и Дрим фектори. Филмот деновиве ќе биде прикажан и во Марков манастир крај Скопје, а потем започнува и неговото патешествие по фестивалите низ светот.
По преданијата постоел змеј којшто се криел и крадел девојки, меѓутоа најбитната работа со него е дека ако успее да ја фати ламјата на територијата на Македонија ќе добиме просперитет.Стојан Вујичиќ, режисер.