Резултатите за мај, јуни, јули и првата половина од август потврдуваат дека Македонија оваа година имала поуспешна туристичка сезона. Така зборуваат бројките, но во суштина е поинаку. Туристичкиот сектор не е оптимистичен во целост. Резултатите според некои од нивните претставници говорат дека нема напредок. Иако, бројките за посетите на странските посетители не се лоши, односно тука има зголемување за 24,1 процент има пад на бројот на посетители од соседството, од каде традиционално во последните неколку години имаше најголем број, а намален е процентот и на домашните туристи во споредба со минатата
година за 11,6. Од резултатите не е задоволна Гордана Јанакиева од Туристичкиот сојуз. Според нејзиниот впечаток има уште многу работа пред македонскиот туризам, а најважниот предизвик е како гостите што доаѓаат и да се задржат.
„Бројките зборуваат дека е поуспешна и посетеноста на луѓето се гледа, еве викендов бев во Охрид и тоа се гледа, меѓутоа во суштина имаме еден друг проблем во смисла на тоа дека не водиме доволно сметка дека треба повторно да дојдат. Понудата не е квалитетна, туристите понесени од оние убави спотови, очекуваат премногу, а ние на некој начин сме им го ветиле тоа и тука е проблемот.“
Туристите бараат квалитет
За други претставници на секторот годинешните резултати се добри, и според нивните зборови Македонија станува дестинација која се буди. Тања Перовиќ Митрова од Стопанската комора за туризам оценува дека оваа сезона во делот на странските посетители поминува подобро од лани и таа има поголеми очекувања за наредната година:
„Очигледно дека што се однесува до странските организирани туристички групи поминавме многу подобро од минатите години, но секогаш може подобро. Многу малку од туристите доаѓаат по хотелите, да имаат пансион и да лежат покрај плажа, тоа веќе е надминато, особено за туристички дестинации кои не се масовни дестинации, односно не се море.“
Дончо Таневски од ХОТАМ смета дека условите што ги нудат приватните сместувачки капацитети не одат во прилог на туризмот, односно дека се причина што немавме толкав број на гости од соседството како лани во Охрид, алудирајќи на српските посетители.
„Гостите од соседните земји минатата година 70% беа во приватниот смештај, а 30% беа по хотелите, додека сега сето тоа е сведено на 10-15% вкупно, бидејќи поголемата маса беше сместена во приватниот смештај, но тие не се организираа на време и добро, не направија корекција на цените на време и последиците ги чувствуваме сега.“
Намерата да се задржат гостите треба да биде поддржана со конкретни чекори на терен во делот на инфраструктурата, нагласува Миле Спировски од АТАМ.
„Има изненаденост, ги видоа другите нешта кои ја красат Македонија, не само езерото, од Холанѓаните дали тројца се имаат искапено, меѓутоа доаѓањето нивно е малку поинакво, факултетивни посети, Охрид, Св. Наум, Струга, Св. Јован Бигорски, Маврово... комплетно ја шетаат Македонија, меѓутоа да си кажеме искрено и да бидеме самокритични, ние немаме инфраструктура која ги задоволува нивните критериуми, а тоа се работи кои навистина во овој момент и недостасуваат на Македонија.“
Според податоците на Државниот завод за статистика во Македонија во јуни допатувале 55.323 туристи што е за 7,2 проценти повеќе во споредба со минатата година. Од тој број, остварени се 143.085 ноќевања што е за 11,8 проценти повеќе. Најголем пораст на доаѓања традиционално има во Охрид. Тука се реализира вкупниот турстички капцитет на земјава. Најмногу туристи се забележани од Холандија. Има гости и од Финска и скромен број на Руси. Но, конкретни бројки засега не се соопштуваат.
Охридските угостители се жалат на слаба сезона
Повеќе со оценка за тоа како помина сезоната во Охрид, од нашиот дописник Нина Кепеска.
Помал квантитет, поинаков квалитет на гости и полоша туристичка сезона од минатите години. Ваква е првичната оценка на охридското туристичко лето на истекот на шпицот од сезоната. Охриѓани, вклучувајќи ги сите чинители кои се поврзани со туризмот, треба да се едуцираат како тој се гради и развива, велат дел од угостителите, според кои рестрикциите на работното време во ноќните часови, селективната примена на законот и интензивните инспекциски контроли во екот на сезоната, создало лоша слика за гостите и се одразило негативно на туристичкиот промет.
„Се чувствува пад најмногу на профитот, поради зголемување на цените на артиклите и режиските трошоци, а угостителските цени мораме да ги оставиме исти, поради лошата економска состојба и ниската куповна моќ на граѓаните, и пред се на туристот кој шета на плоштадот. Од друга страна она што може да се види како слика е дека имаме поинакви туристи, различен од лани, а да не споредуваме со претходните години. Јас навистина не знам каков туризам сакаме или имаме и дали Охрид е центар на такавиканиот масовен туризам, кој исто така е преполовен од порано.“
„Мојот локал се полни околу полноќ, кога луѓето по претстава или вечера, тука доаѓаат на забава, што секоја вечер е со жива музика и по правилата половина час по полноќ, треба да престанам со точење алкохол и музика и по триесет минутна забава, да го затворам клубот во еден по полноќ и да ги избркам гостите. Таа одлука е за да можат да спијат жителите на стариот град, кои инаку издаваат соби на гости и треба да сфатат дека сме сосатвен дел од иста дејност, зошто ако ние не постоиме, тие ќе нема кому да издаваат сместување. Во туризмов не може никој да работи сам за себе.
Како да е, таков закон донесоа и нас не уништија. Не сум воопшто задоволен, имаше посетители и гости, но немавме работно време за да ја изработиме оваа сезона. Угостителскиот промет се преполови споредено со лани, што е трагично за нас кои плаќаме кирии за објектите. Сите знаеме дека за туризмот во цел свет нигде нема работно време, така што вака никогаш нема да развиваме туризам. Мене ми е жал што овој град има голем потенцијал, младите, посебно Србите и странците се презадоволни, но многу кратко им трае забавата, немаат каде после еден по полноќ да се забавуваат, што е еден од најголемите проблеми, ако сакаме да го развиваме туризмот“, велат сопственици на кафе барови на централниот плоштад во Охрид.
Домашните гости ова лето на ривиерата ги имаше помалку од лани, кои поради примамливите понуди, Охрид го заменија со соседните држави, од каде пак кај нас дојдоа помалку туристи од минатите години. Организирано и помасовно се вратија Холанѓаните, а имаше и други странци.
„Четврто лето сум во Охрид и секогаш уживам тука. Градот би можел да биде уште подобар, а околината почиста, забележувам дека луѓето позади себе оставаат ѓубре во прекрасната природа и покрај преубавото езеро. Населението е љубезно, доста е атрактивен и посебен Охрид, различен од други места во Европа, ако го запознаеш, се враќаш повторно, но сите заедно треба да се погрижите да го зачувате.“
„Мој впечаток е дека Охрид е град со голем потенцијал, но мора инфраструктурата, посебно транспортната да се подобри. Најважно за странските туристи кои летово се бројни, е што тие до Македонија пристигнуваат по многу високи авио цени, има малку летови за Скопје, нема железница, ниту организиран автобуски превоз од аеродромот, па доаѓањето до Охрид со такси е комплицирано и скапо. Сметам дека на Охридското Езеро мора да се изгради хотел од познат и стандардизиран европски или светски бренд и да се подобри имиџот на градот со понуда на повисоко ниво од киосците со хамбургери и ќебапи кои ги има секаде на брегот“, велат туристи од Италија и Швајцарија.
Според нив, туристичката сезона мора да е подолга од еден или два летни месеци, а Охрид треба поосмислено да се промовира во светот.
Без добра инфраструктура не може да се стигне до убавините
Македонија има природни убавини, признати од светот како Охрид
и езерото кои се заштитени од УНЕСКО, или Кокино кое е на листата на НАСА како праисториска опсерваторија, но не презема конкретни мерки истите да ги афирмира и главно останува на убави зборови и спотови. Кога туристите ќе пристигнат во земјава како да немаат концепт од каде да
почнат со разгледувањето. Треба да се намачат барајќи по интернет страниците за да видат каде што може да најдат, а кога ќе трганат ќе се изгубат меѓу патоказите. Дека тоа што го нудиме релно го нема, го покажуваат и евиденциите на туристичките работници.
„Еве да почнеме на пример од Матка, тоа е успешен проект, меѓутоа има
сегменти на можности на земање на пари. Од тоа дека ќе им наплатуваат паркинг затоа што нему му текнало без притоа да има дозвола за тоа, или пак наплатување на влезница за манастирот Свети Андреа, во ниту еден случај не е проследено со некоја нормална процедура и за тоа да се извести... неможе да се прави тоа од денес за утре.“
Со слични примери како овие за кои зборува претседателката на Туристичкиот сојуз секој ден се сретнуваат претставниците на овој сектор. Тие нагласуваат дека успехот во туризмот е во рацете на сите и дека не треба да ги засега само туристичките работници и хотелиерите:
„Државата го презема она што се направи послед долги години, ДДВ-то за хотелските услуги од 18 го намали на 5%, се даваат субвенции за донесени странски групи туристи во Македонија, така што останува на нас сите заедно да видиме како ќе ја продадеме Македонија понатаму, меѓутоа тука не зборувам само за Охрид, бидејќи секогаш зборуваме само за Охрид, ајде да зборуваме и за Маврово, Лазарополе или други места. Јас ќе ви дадам пример дека до Лазараполе на пример немате ниту еден знак, како да стигнете до таму“, вели Александар Чоневски, сопственик на туристичка агенција.
Нашето поднебје во спотовите се рекламира како примамлива за туристите и како добро за странски инвестиции. Но, реално минимално се инвестира. Инвеститори како и туристи има малку. Ова го покажуваат и најавите за доаѓање на туристи од Русија, заедно со оние од Финска и Холандија во Охрид. Туристичкиот сектор има различни објаснувања за недоаѓањето на највените гости од Русија:
„Немаме сместувачки капацитети, тоа беше нивната проценка. Русите сакаат по еден, два, по пет чартери на ден, а на 80 километри брег, на Охридското Езеро од Свети Наум до Радожда, ние имаме четири илјади легла. Па во Драч има повеќе легла, а Драч има десет километри плажа.“
Дали живееме во илузија со спотовите? Спотовите имаат магија која за момент може да не залаже. Но, во реалноста е поинаку. Нема синџири на познати хотели, нема добра и модерна патна инфраструктура. Делови од крајбрежјето на Охрид се соочуваат со нерешен проблем со отпадните води. Охрид добива епитети на балкански Ерусалим, а со езерото на македонско море, но препознатлив за жал е и по други работи во очите на тие што доаѓаат првпат. Плоштадот неколку години секое лето наликува на панаѓур. И овојпат беше препознатлив по тоа што имаше продавачи на пуканки семки и циркузанти, наместо да ја раскажува тајната на пример на Охридскиот бисер од Охрид. Правиме штета за вкупниот впечаток на градот и преку разни разните инцијативи на ситните трговци кои го нарушуваат општиот впечаток кој е препознатлив за таков вид туристичко место. Охрид е град на македонските просветители Климент и Наум, на бисерот, на првиот универзитет на Балканот. Очигледно дека магијата ја раскажуваат само спотовите, а во реалноста поради односот на поединечни инивидуалци магијата се распрснува. Се добива впечаток дека во спотовите има многу шминка, а во реалноста нема некои основни работи:
„Секој турист сака да разгледа, да има културно историски споменици да има содржини кои што ќе го привлечат и активно ќе му го исполнат денот, тоа недостасуваше. Имаше излети, имаше активности, но сепак недостасува содржина што ќе ги заинтересира.“
Дојран и Преспа заборавени
По бројот на посети втора дестинација летово каде што се остварени ноќевања е Скопје. За останатите туристички дестинации како Преспа и Дојран речиси и нема податоци за остварени ноќевања. Тие остануваат резервирани за домашните туристи и незаслужено се помалку атрактивни. Оценката за успех на сезоната поради ова исто така може да се смета за непотполна. Подолго време се најавуваше влез и на покрупна инвестиција во Преспа, Аква Пура, но тоа не се склучи.
„Аква Пура требаше да заживее, да профункционира, но за жал колку што ние имаме информации, тоа е во некои правни лавиринти заглавено, дали инвеститорот се откажал, немаме информација и очекувам дека тоа ќе добие некаква разрешница бидејќи тоа навистина за Преспа беше интересно и жално е на кое рамниште е доведена Преспа последниве години. Имаше и одреден број домашни и странски туристи, но сето тоа во последниве десет години не е доволно.“
„Во Преспа има еден сместувачки капацитет, и приватните вили. Една плажа е уредена, повратник од Германија ја има уредено и таму ако има некое случување и тоа е се. За Дојран исто, го слушам градоначалникот се жали од концесионерите на шанковите, се жали од хигиената... истата мака е секаде и во Преспа исто така нема инфраструктура. Даоѓаат од Русија туристи да го гледаат Св. Ѓорѓи во Курбиново, меѓутоа ние немаме инфраструктура до таму, ќе падне еден ден, не е заштитено.“
Ова се некои од размислувањата на претставниците на секторот кои сметаат дека туризмот не може да се потпира само на спотови туку дека многу важно е да се инвестира. Заедничко е размислувањето дека една од слабостите е и тоа што кај нас секој работи сам за себе.
„Во туризмот немаме менаџери кои ќе се занимаваат со менаџирање на ситуацијата и кои нема да дозволат да некој тур оператор експериментира. Имам искуство со една група од Холандија, кои случајно дојдоа тука и тоа затоа што авионот кој требал да ги врати не платил некому и тие имаа слободен ден и дојдоа на прошетка во Јасен и да не кажам, но првично беа одушевени од сето тоа, но мора да бидете во дослух, бидејќи туризмот не го правам само јас, туризмот треба сите да го правиме.“
Во време кога владата прави реклами да ги едуцира граѓаните како да се однесуваат кон туристите алудирајќи дека треба да бидат љубезни потребно е и другите фактори да се погрижат да има и стандардизирани сместувачки капцитети, коментираат тие. Други размислуваат дека не сме подговени да ги пречекаме туристите зошто не сме подготвени да работиме тимски и организирани. Нивниот став е дека за да се подобри состојбата на тој проблем треба да работат заедно и приватниот и јавниот сектор.
Понудата не е квалитетна, туристите понесени од оние убави спотови, очекуваат премногу, а ние на некој начин сме им го ветиле тоа и тука е проблемот.
година за 11,6. Од резултатите не е задоволна Гордана Јанакиева од Туристичкиот сојуз. Според нејзиниот впечаток има уште многу работа пред македонскиот туризам, а најважниот предизвик е како гостите што доаѓаат и да се задржат.
„Бројките зборуваат дека е поуспешна и посетеноста на луѓето се гледа, еве викендов бев во Охрид и тоа се гледа, меѓутоа во суштина имаме еден друг проблем во смисла на тоа дека не водиме доволно сметка дека треба повторно да дојдат. Понудата не е квалитетна, туристите понесени од оние убави спотови, очекуваат премногу, а ние на некој начин сме им го ветиле тоа и тука е проблемот.“
Туристите бараат квалитет
За други претставници на секторот годинешните резултати се добри, и според нивните зборови Македонија станува дестинација која се буди. Тања Перовиќ Митрова од Стопанската комора за туризам оценува дека оваа сезона во делот на странските посетители поминува подобро од лани и таа има поголеми очекувања за наредната година:
„Очигледно дека што се однесува до странските организирани туристички групи поминавме многу подобро од минатите години, но секогаш може подобро. Многу малку од туристите доаѓаат по хотелите, да имаат пансион и да лежат покрај плажа, тоа веќе е надминато, особено за туристички дестинации кои не се масовни дестинации, односно не се море.“
Дончо Таневски од ХОТАМ смета дека условите што ги нудат приватните сместувачки капацитети не одат во прилог на туризмот, односно дека се причина што немавме толкав број на гости од соседството како лани во Охрид, алудирајќи на српските посетители.
Очигледно дека што се однесува до странските организирани туристички групи поминавме многу подобро од минатите години, но секогаш може подобро.
„Гостите од соседните земји минатата година 70% беа во приватниот смештај, а 30% беа по хотелите, додека сега сето тоа е сведено на 10-15% вкупно, бидејќи поголемата маса беше сместена во приватниот смештај, но тие не се организираа на време и добро, не направија корекција на цените на време и последиците ги чувствуваме сега.“
Намерата да се задржат гостите треба да биде поддржана со конкретни чекори на терен во делот на инфраструктурата, нагласува Миле Спировски од АТАМ.
„Има изненаденост, ги видоа другите нешта кои ја красат Македонија, не само езерото, од Холанѓаните дали тројца се имаат искапено, меѓутоа доаѓањето нивно е малку поинакво, факултетивни посети, Охрид, Св. Наум, Струга, Св. Јован Бигорски, Маврово... комплетно ја шетаат Македонија, меѓутоа да си кажеме искрено и да бидеме самокритични, ние немаме инфраструктура која ги задоволува нивните критериуми, а тоа се работи кои навистина во овој момент и недостасуваат на Македонија.“
Според податоците на Државниот завод за статистика во Македонија во јуни допатувале 55.323 туристи што е за 7,2 проценти повеќе во споредба со минатата година. Од тој број, остварени се 143.085 ноќевања што е за 11,8 проценти повеќе. Најголем пораст на доаѓања традиционално има во Охрид. Тука се реализира вкупниот турстички капцитет на земјава. Најмногу туристи се забележани од Холандија. Има гости и од Финска и скромен број на Руси. Но, конкретни бројки засега не се соопштуваат.
Охридските угостители се жалат на слаба сезона
Повеќе со оценка за тоа како помина сезоната во Охрид, од нашиот дописник Нина Кепеска.
Се чувствува пад најмногу на профитот, поради зголемување на цените на артиклите и режиските трошоци, а угостителските цени мораме да ги оставиме исти, поради лошата економска состојба и ниската куповна моќ на граѓаните, и пред се на туристот кој шета на плоштадот.
Помал квантитет, поинаков квалитет на гости и полоша туристичка сезона од минатите години. Ваква е првичната оценка на охридското туристичко лето на истекот на шпицот од сезоната. Охриѓани, вклучувајќи ги сите чинители кои се поврзани со туризмот, треба да се едуцираат како тој се гради и развива, велат дел од угостителите, според кои рестрикциите на работното време во ноќните часови, селективната примена на законот и интензивните инспекциски контроли во екот на сезоната, создало лоша слика за гостите и се одразило негативно на туристичкиот промет.
„Се чувствува пад најмногу на профитот, поради зголемување на цените на артиклите и режиските трошоци, а угостителските цени мораме да ги оставиме исти, поради лошата економска состојба и ниската куповна моќ на граѓаните, и пред се на туристот кој шета на плоштадот. Од друга страна она што може да се види како слика е дека имаме поинакви туристи, различен од лани, а да не споредуваме со претходните години. Јас навистина не знам каков туризам сакаме или имаме и дали Охрид е центар на такавиканиот масовен туризам, кој исто така е преполовен од порано.“
„Мојот локал се полни околу полноќ, кога луѓето по претстава или вечера, тука доаѓаат на забава, што секоја вечер е со жива музика и по правилата половина час по полноќ, треба да престанам со точење алкохол и музика и по триесет минутна забава, да го затворам клубот во еден по полноќ и да ги избркам гостите. Таа одлука е за да можат да спијат жителите на стариот град, кои инаку издаваат соби на гости и треба да сфатат дека сме сосатвен дел од иста дејност, зошто ако ние не постоиме, тие ќе нема кому да издаваат сместување. Во туризмов не може никој да работи сам за себе.
Мојот локал се полни околу полноќ, кога луѓето по претстава или вечера, тука доаѓаат на забава, што секоја вечер е со жива музика и по правилата половина час по полноќ, треба да престанам со точење алкохол и музика и по триесет минутна забава, да го затворам клубот во еден по полноќ и да ги избркам гостите. Таа одлука е за да можат да спијат жителите на стариот град, кои инаку издаваат соби на гости и треба да сфатат дека сме сосатвен дел од иста дејност, зошто ако ние не постоиме, тие ќе нема кому да издаваат сместување.
Домашните гости ова лето на ривиерата ги имаше помалку од лани, кои поради примамливите понуди, Охрид го заменија со соседните држави, од каде пак кај нас дојдоа помалку туристи од минатите години. Организирано и помасовно се вратија Холанѓаните, а имаше и други странци.
„Четврто лето сум во Охрид и секогаш уживам тука. Градот би можел да биде уште подобар, а околината почиста, забележувам дека луѓето позади себе оставаат ѓубре во прекрасната природа и покрај преубавото езеро. Населението е љубезно, доста е атрактивен и посебен Охрид, различен од други места во Европа, ако го запознаеш, се враќаш повторно, но сите заедно треба да се погрижите да го зачувате.“
„Мој впечаток е дека Охрид е град со голем потенцијал, но мора инфраструктурата, посебно транспортната да се подобри. Најважно за странските туристи кои летово се бројни, е што тие до Македонија пристигнуваат по многу високи авио цени, има малку летови за Скопје, нема железница, ниту организиран автобуски превоз од аеродромот, па доаѓањето до Охрид со такси е комплицирано и скапо. Сметам дека на Охридското Езеро мора да се изгради хотел од познат и стандардизиран европски или светски бренд и да се подобри имиџот на градот со понуда на повисоко ниво од киосците со хамбургери и ќебапи кои ги има секаде на брегот“, велат туристи од Италија и Швајцарија.
Според нив, туристичката сезона мора да е подолга од еден или два летни месеци, а Охрид треба поосмислено да се промовира во светот.
Без добра инфраструктура не може да се стигне до убавините
Македонија има природни убавини, признати од светот како Охрид
и езерото кои се заштитени од УНЕСКО, или Кокино кое е на листата на НАСА како праисториска опсерваторија, но не презема конкретни мерки истите да ги афирмира и главно останува на убави зборови и спотови. Кога туристите ќе пристигнат во земјава како да немаат концепт од каде да
Најважно за странските туристи кои летово се бројни, е што тие до Македонија пристигнуваат по многу високи авио цени, има малку летови за Скопје, нема железница, ниту организиран автобуски превоз од аеродромот, па доаѓањето до Охрид со такси е комплицирано и скапо.
„Еве да почнеме на пример од Матка, тоа е успешен проект, меѓутоа има
сегменти на можности на земање на пари. Од тоа дека ќе им наплатуваат паркинг затоа што нему му текнало без притоа да има дозвола за тоа, или пак наплатување на влезница за манастирот Свети Андреа, во ниту еден случај не е проследено со некоја нормална процедура и за тоа да се извести... неможе да се прави тоа од денес за утре.“
Со слични примери како овие за кои зборува претседателката на Туристичкиот сојуз секој ден се сретнуваат претставниците на овој сектор. Тие нагласуваат дека успехот во туризмот е во рацете на сите и дека не треба да ги засега само туристичките работници и хотелиерите:
„Државата го презема она што се направи послед долги години, ДДВ-то за хотелските услуги од 18 го намали на 5%, се даваат субвенции за донесени странски групи туристи во Македонија, така што останува на нас сите заедно да видиме како ќе ја продадеме Македонија понатаму, меѓутоа тука не зборувам само за Охрид, бидејќи секогаш зборуваме само за Охрид, ајде да зборуваме и за Маврово, Лазарополе или други места. Јас ќе ви дадам пример дека до Лазараполе на пример немате ниту еден знак, како да стигнете до таму“, вели Александар Чоневски, сопственик на туристичка агенција.
Нашето поднебје во спотовите се рекламира како примамлива за туристите и како добро за странски инвестиции. Но, реално минимално се инвестира. Инвеститори како и туристи има малку. Ова го покажуваат и најавите за доаѓање на туристи од Русија, заедно со оние од Финска и Холандија во Охрид. Туристичкиот сектор има различни објаснувања за недоаѓањето на највените гости од Русија:
Немаме сместувачки капацитети, тоа беше нивната проценка. Русите сакаат по еден, два, по пет чартери на ден, а на 80 километри брег, на Охридското езеро од Свети Наум до Радожда, ние имаме четири илјади легла. Па во Драч има повеќе легла, а Драч има десет километри плажа.
„Немаме сместувачки капацитети, тоа беше нивната проценка. Русите сакаат по еден, два, по пет чартери на ден, а на 80 километри брег, на Охридското Езеро од Свети Наум до Радожда, ние имаме четири илјади легла. Па во Драч има повеќе легла, а Драч има десет километри плажа.“
Дали живееме во илузија со спотовите? Спотовите имаат магија која за момент може да не залаже. Но, во реалноста е поинаку. Нема синџири на познати хотели, нема добра и модерна патна инфраструктура. Делови од крајбрежјето на Охрид се соочуваат со нерешен проблем со отпадните води. Охрид добива епитети на балкански Ерусалим, а со езерото на македонско море, но препознатлив за жал е и по други работи во очите на тие што доаѓаат првпат. Плоштадот неколку години секое лето наликува на панаѓур. И овојпат беше препознатлив по тоа што имаше продавачи на пуканки семки и циркузанти, наместо да ја раскажува тајната на пример на Охридскиот бисер од Охрид. Правиме штета за вкупниот впечаток на градот и преку разни разните инцијативи на ситните трговци кои го нарушуваат општиот впечаток кој е препознатлив за таков вид туристичко место. Охрид е град на македонските просветители Климент и Наум, на бисерот, на првиот универзитет на Балканот. Очигледно дека магијата ја раскажуваат само спотовите, а во реалноста поради односот на поединечни инивидуалци магијата се распрснува. Се добива впечаток дека во спотовите има многу шминка, а во реалноста нема некои основни работи:
„Секој турист сака да разгледа, да има културно историски споменици да има содржини кои што ќе го привлечат и активно ќе му го исполнат денот, тоа недостасуваше. Имаше излети, имаше активности, но сепак недостасува содржина што ќе ги заинтересира.“
Дојран и Преспа заборавени
По бројот на посети втора дестинација летово каде што се остварени ноќевања е Скопје. За останатите туристички дестинации како Преспа и Дојран речиси и нема податоци за остварени ноќевања. Тие остануваат резервирани за домашните туристи и незаслужено се помалку атрактивни. Оценката за успех на сезоната поради ова исто така може да се смета за непотполна. Подолго време се најавуваше влез и на покрупна инвестиција во Преспа, Аква Пура, но тоа не се склучи.
„Аква Пура требаше да заживее, да профункционира, но за жал колку што ние имаме информации, тоа е во некои правни лавиринти заглавено, дали инвеститорот се откажал, немаме информација и очекувам дека тоа ќе добие некаква разрешница бидејќи тоа навистина за Преспа беше интересно и жално е на кое рамниште е доведена Преспа последниве години. Имаше и одреден број домашни и странски туристи, но сето тоа во последниве десет години не е доволно.“
Во Преспа има еден сместувачки капацитет, и приватните вили. Една плажа е уредена, повратник од Германија ја има уредено и таму ако има некое случување и тоа е се. За Дојран исто.