Достапни линкови

Дневен печат – Пожар во Св Јован Бигорски


Весници
Весници

Поентата во информирањето за настанот беше ставена врз општата немарност на државата и Црквата во заштитата на нашето културно-историско наследство. Причина за пожарот, според се уште неофицијалните извештаи, веројатно била неисправната електрична и плинска инсталација

Кога речиси цела недела јавноста во земјава, американската и британската амбасада, па и некои кругови во Албанија, Грција и во Бугарија се брануваа и реагираа поради некои одредници во Македонска енциклопедија, во средата рано утрото изби пожар во манастирот Св.Јован Бигорски, при што изгореа библиотеката со целиот фонд вредни книги, документи и архива и манастирските конаци, па, Енциклопедијата стана втора вест во сите медиуми. Поентата во информирањето беше ставена врз општата немарност на државата и Црквата во заштитата на нашето културно-историско наследство. Причина за пожарот, според се уште неофицијалните извештаи, веројатно била неисправната електрична и плинска инсталација, а А1 Телевизија се занимаваше и со проблемот што домашните осигурителни компании нерадо ги осигуруваат црквите и манастирите поради непреценливото богатство од икони кое што е тешко да се наплати.

Сите медиуми известија за средбата меѓу Груевски и Ахмети, но повеќето од нив критички забележаа дека до неа дојде дури десетина дена откако јавноста во Македонија, па и во соседните држави се полнеше со националистички страсти. Сите медиуми јавија за палењето на македонското знаме во Приштина и за демомстрациите на студентите во Тетово, каде што биле носени и извикувани навредливи пароли за Македонците и за МАНУ. Медиумите го пренесоа соопштението од Кабинетот на Груевски и информациите од брифинзите на шефот на Кабинетот на Груевски, Протуѓер, дека двајцата коалициони партнери се договориле целата одговорност да му ја префрлат на творецот на Енциклопедијата, МАНУ, таа да го повлече ова издание и да си го среди натаму проблемот, а коалицијата останува негибната. Власта е слатка, го коментираа ,,Дневник,, и ,, Време,, ретерирањето на Ахмети по средбата со премиерот. Во средата електронските медиуми информираа и за одлуката на Претседателството на МАНУ по состанокот со редакцискиот одбор, ова издание на Енциклопедијата да се повлече, а корекцијата во спорните одредници да се направи заедно со историчари, македонски Албанци. Била закажана и вонредна седница на Собранието на Академијата, по барање на албанските академици, на кое ќе се расправа за одговорноста на главниот редактор, академик, Блаже Ристовски. ,,Време,, пак, драматично коментира дека меѓуетничкиот фитил е запален , а, ,,манџата,, како што пишува, била збогатена со влошените односи со сите соседи, за што го обвинува премиерот Груевски дека води надворешна политика со националистичка реторика и потези со што го прикрива своето незнаење и несакање да ја внесе државава во ЕУ и НАТО. Она што го сакаат сите граѓани на Македонија, заклучува ,,Време“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG