Опасност од крвопролевање на Косово

Политиката на српската влада која се засноваше врз очекувањето дека меѓународната заедница ќе го моли Белград да ја признае косовската независност, нудејќи му поделба на Косово е погрешна. Ова во интервју за Радио Слободна Европа го наведува директорот на Балканскиот проект на Меѓународната кризна група Марко Прелец. Според него, доколку Приштина инсистира на граничните премини на ваков начин, тогаш веројатно ќе дојде до ескалација на насилството.
Властите во Приштина ја потценуваат опасноста од оружен отпор и ја преценуваат можноста за употреба на органите за воспоставување ред и закон. Ако вака продолжи ќе дојде до екслација на насилството кое без сомневање ќе добие меѓуетнички размери, вели директорот на Балканскиот проект на Меѓународната кризна група Марко Прелец во интервју со новинарката на Радио Слободна Европа, Бранка Тривиќ, во врска со најавите на косовскиот премиер Хашим Тачи дека на 16 септември ќе бидат преземени граничните премини и ќе бидат поставени косовски цариници.
Марко Прелец.
x
Марко Прелец.

„Мојата проценка и проценката и на домашните и странските стручњаци на теренот е дека обидот за поставување косовски цариници на Јариње и Брњак би довело до сериозна опасност од крвопролевање од страна на неконтролирани елементи на северот. Тоа треба да се избегне. Договорот за печатите не мора да значи дека таму ќе бидат и косовски цариници. Тоа би требало, барем во извесен период да го прави ЕУЛЕКС.“

Според Марко Прелец, постојат два става на меѓународната заедница во врска со решавањето на проблемот.
Обидот за поставување косовски цариници на Јариње и Брњак би довело до сериозна опасност од крвопролевање од страна на неконтролирани елементи на северот. Тоа треба да се избегне.

Имено, Соединетите Држави сметаат дека Косово има право да воспостави суверенитет на целата територија, додека Брисел инсистира на избегнување секаков вид еднострана акција.

„Она во што, сите се согласуваат, вклучувајќи ги и земјите кои не го признаа Косово, е дека треба да се зачува територијалниот интегритет на Косово. Но, околу прашањето, како натаму, тука ги имате тие два става и две стратегии.“

Опасноста, според Прелец, се заканува од тоа дека оние што носат одлуки ги немаат сите информации и всушност не сфаќаат во што е работата.

„Ми се чини дека во Приштина навистина се смета дека народот на северот е подготвен да прифати некаква интеграција, доколку Белград и некои криминалци не го силат на отпор. Тоа не е точно. Тамошниот народ одбива каква било интеграција во Косово. Значи таа политика се прави на погрешни претпоставки“, вели Прелец кој додава дека не може да се оди со насилно воспоставување на сувернитетот.
Косовски царински печат
x
Kosovo - Kosovo customs stamp, border, Aug2011


„На насилство ќе се одговори со насилство“, вели тој, оценувајќи дека и Белград погрешно го сфаќа меѓународниот контекст.

„Политиката што ја водеше оваа влада се засноваше врз очекувањето дека меѓународната заедница ќе го моли Белград да ја признае косовската независност, нудејќи му поделба на Косово. Ви го нудиме северот, а вие ќе го признаете Косово. Таа политика беше погрешна и пропадна“, наведува директорот во Меѓународната кризна група Марко Прелец, додавајќи дека сега е на Белград да најде некоја нова политика која ќе има пореални шанси за успех.

Во споротивно, тој го цитира коментарот во весникот Економист дека изборот на Белград сега е или во Европа без Косово или не во Европа, ама пак, без Косово.