Достапни линкови

Србија со ЕУ се пазари со тоа што го нема: Косово


Германската канцеларка Ангела Меркел и српскиот претседател Борис Тадиќ во Белград
Германската канцеларка Ангела Меркел и српскиот претседател Борис Тадиќ во Белград

Српската политика спрема Косово и Европската унија е во длабоки проблеми, се оценува во коментарот, објавен во весникот Економист. Во него се наведува дека германската канцеларка Ангела Меркел деновиве го потона предводничкиот брод на српската надворешна политика до Европската унија.

Во изминатава година, лидерите на Србија направија се што можеа за да добијат кандидатски статус за Евопската унија во декември.

За таа цел тие го обезбедија апсењето на Ратко Младиќ, поранешен генерал на босанските срби кој беше баран од Хашкиот трибунал за воени злосторства во Поранешна Југославија.

Тие усвоија европски закони и влегоа во дијалог спонзориран од Европската унија со лидерите на Косово, поранешна покраина која прогласи независност во 2008 година.

И досега се беше добро, наведува весникот Економист кој потенцира: Тогаш дојде госпоѓа Меркел. Со посетата на Белград на 23 август, канцеларката изјави дека Германија се уште ја сака Србија во Европската унија, но за да стане кандидат таа најнапред треба да ги укине паралелните структури, термин за српските институции на Косово. Ова го раздува вештиот дел на српската двосмислена политика.
Во реалноста, Србија која сега има само една појдовна точка, а тоа е Косово, може да и се придружи на Европската унија без Косово, или да не влезе во Европската унија исто така без Косово
,,Економист,,


Околу две треитини од косовските срби живеат во енклави во централниот и јужниот дел на Косово. Тие почнаа да работат со властите во Приштина. Но, преку мостот во поделената Митровица, приказната е поинаква. Тука и во останатиот дел од северно Косово каде што има околу 40 илјади срби и само малку албанци, вие сте како во Србија. Училиштата, комуналните услуги и општините се дел од српскиот, а не од косовскиот систем.
Борис Тадиќ
x
Борис Тадиќ


Откако српската влада дискретно сигнализира дека нејзината евентуална цел е поделба на Косово, задржувајќи го северот како размена за признавање на независноста на другиот дел на Косово, тогаш демонтирањето на овие институции всушност ќе биде признавање дека таа не може да ја постигне таквата цел.

Токму тоа го сака госпоѓа Меркел, наведува Економист, додавајќи: Но, српскиот претседател Борис Тадиќ доследно рече дека србите не треба да избираат меѓу Косово и Европската унија. Тоа што е докажано дека тој греши не е изненадување. Изненадување е тајмингот на госпоѓа Меркел. Нејзината забелешка ги шокира оние во Брисел кои ја подготвуваа кандидатурата за Србија.

,,Толку е лошо, колку што изгледа,, цитира весникот Економист еден претставник во Унијата. Доколку владата нема некаков трик во ракавот, тогаш најверојатни победници ќе бидат националистичките и популистичките партии, а не оние што сакаат во Европската унија.

Сепак, Меркел расчисти една работа. Во реалноста, Србија која сега има само една појдовна точка, а тоа е Косово, може да и се придружи на Европската унија без Косово, или да не влезе во Европската унија исто така без Косово, се заклучува во коментарот, објавен во весникот Економист.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG