Царинските печати и деблокада на членството на Косово во меѓународните институции, се прашањата која Србија мора да ги реши доколку сака да стане кандидат за влез во Европската Унија.
„Владата на Србија има можност да и објасни на Европската комисија дека престанала со блокадите на Косово во меѓународните институции и оти на разговорите со Приштина го решила прашањето со царинските печати што е генератор на организираниот криминал и корупција“, прецизира известувачот за Србија во Европскиот парламент Јелко Кацин.
Во Белград, пак, пред новата рунда преговори на 2 септември најавуваат неколку предлози за решавање на овие прашања. Претседателот на собранискиот одбор за европски интеграции Ласло Варга вели:
„Мислам дека кај сите политички прашања решенијата се тешки, но не бараат многу време. Доколку постои политичка волја, тие прашања можат да се решат за еден месец.“
Во меѓувреме, одделни претставници на српските власти порачуваат дека иако Србија сака да влезе во Унијата, сепак нема да ја мине црвената линија на територијалното прашање. Меѓу нив е и потпретседателот на
српската влада Ивица Дачиќ:
„Никој не треба да ја става Србија во ситуација или Косово или Европа.“
Во Србија веќе е предложено и организирање референдум во случај Брисел да го постави ваквиот, како што велат, ултиматум.
Има и такви, како Драган Ѓилас, градоначалникот на Белград и вториот човек во Демократската партија на претседателот Борис Тадиќ, кој изјави дека Брисел често пати Србија ја третира како лош ученик и оти за Србија, ЕУ која применува двојни стандарди не е смисла на животот.
„Сето тоа е свртено за домашна употреба, во најголем дел. Јас не сметам дека во Унијата се апсолутни ангели, но уште помалку тоа сме ние. Значи како доаѓаат избори така паѓа расположението на граѓаните за Европа, а на овие политичари за жал главна грижа им е нивната политичка орджливост“, вели Боривоје Ердељан, претседател на Форумот за меѓународни односи.
Има и такви како независната пратеничка Весна Пешиќ која во авторски текст прашува: Дали најновите изјави на Драган Ѓилас треба да се сфатат дека Борис Тадиќ се разочарал во Европската унија и оти се враќа на старата проверена животна смисла, на Косово?

Дали најновите изјави на Драган Ѓилас треба да се сфатат дека Борис Тадиќ се разочарал во Европската унија и оти се враќа на старата проверена животна смисла, на Косово?