Специјалните единици на полицијата на Косово го преземале преминот Јариње од изутрината и таму веќе се префрлени припадниците на граничната полиција и царината. Истовремено ситуацијата во тој дел е напната. Србите продолжуваат да го блокираат магистралниот пат Косовска Митровица-Рашка поради преземањето на Јариње, а има и
неколку други мали блокади на патишта кои се наоѓаат во близнина на прeминот. Ова е денешната слика од северниот дел на Косово по синоќешната акција на косовската влада за преземање на контролата врз
пунктот Јариње заедно со пунктот Брњак каде специјалните единици на косовската полиција воспоставиле контрола синоќа по полноќ.
Ова го потврди министерот за внатрешни работи на Косово, Бајрам Реџепи.
„Полицијата и царината се веќе на пунктовите 1 и 31. Имаше реакции во текот на ноќта, но таму се сега и силите на КФОР за да ја превенираат ситуацијата. Овозможено е слободното движење на граѓаните, а камионите со стока не се дозволува да влезат на територијата на Косово што значи дека полицијата ја спроведува одлуката на владата.“
Според зборовите на претставниците на косовските власти, една од целите на акцијата освен воспоставување контрола врз територијата е и обезбедување на спроведување на одлуката на владата на Косово за реципроцитет во трговските односи со Србија. Во 2008-та година Србија забрани косовски производи да влегуваат во таа земја по што и косовските власти воведоа забрана за влез на српски производи на Косово.
ЕУЛЕКС денеска реагираше дека еднострани акции не помагаат. Портпаролот на шефот на ЕУЛЕКС, Николас Хаутон, изјави дека е важно моменталната ситуација да се реши на мирен начин и додаде дека ЕУЛЕКС е во постојана координација со КФОР за да се одржи безбеднста. Во писмената изјава се наведува и дека ЕУЛЕКС не биле на никаков начин инволвирани во операцијата на специјалните единици на косовската полиција и оти ЕУЛЕКС и ЕУ јасно ставиле до знаење дека
проблемот со царинските ембарга треба да се реши преку постојан дијалог меѓу Приштина и Белград.
Лидерот на косовските Срби, Милан Ивановиќ, пак, коментираше дека е чудно албанските институции да направат нешто без дозвола на Вашингтон и Брисел.
„Во моментот додека траат преговорите во режија на ЕУ на другата страна албанските институции демонстрираат самоволие и се обидуваат да извршат насилна интеграција на територијата на северниот дел на Косово каде Србите се мнозинство и на тој начин со помош на своите ментори да ја заокружат државноста“, изјави Ивановиќ.
Брњак и Јариње беа последните два премини каде од прогласувањето на независнсот на Косово не беа присутни институциите на Косово туку само ЕУЛЕКС.
Имаше реакции во текот на ноќта, но таму се сега и силите на КФОР за да ја превенираат ситуацијата. Овозможено е слободното движење на граѓаните, а камионите со стока не се дозволува да влезет на територијата на Косово.
пунктот Јариње заедно со пунктот Брњак каде специјалните единици на косовската полиција воспоставиле контрола синоќа по полноќ.
Ова го потврди министерот за внатрешни работи на Косово, Бајрам Реџепи.
„Полицијата и царината се веќе на пунктовите 1 и 31. Имаше реакции во текот на ноќта, но таму се сега и силите на КФОР за да ја превенираат ситуацијата. Овозможено е слободното движење на граѓаните, а камионите со стока не се дозволува да влезат на територијата на Косово што значи дека полицијата ја спроведува одлуката на владата.“
Според зборовите на претставниците на косовските власти, една од целите на акцијата освен воспоставување контрола врз територијата е и обезбедување на спроведување на одлуката на владата на Косово за реципроцитет во трговските односи со Србија. Во 2008-та година Србија забрани косовски производи да влегуваат во таа земја по што и косовските власти воведоа забрана за влез на српски производи на Косово.
ЕУЛЕКС денеска реагираше дека еднострани акции не помагаат. Портпаролот на шефот на ЕУЛЕКС, Николас Хаутон, изјави дека е важно моменталната ситуација да се реши на мирен начин и додаде дека ЕУЛЕКС е во постојана координација со КФОР за да се одржи безбеднста. Во писмената изјава се наведува и дека ЕУЛЕКС не биле на никаков начин инволвирани во операцијата на специјалните единици на косовската полиција и оти ЕУЛЕКС и ЕУ јасно ставиле до знаење дека
Во моментот додека траат преговорите во режија на ЕУ на другата страна албанските институции демонстрираат самоволие и се обидуваат да извршат насилна интеграција на територијата на северниот дел на Косово каде Србите се мнозинство.