Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов денеска и утре е домаќин на третата Регионална лидерска средба на која ќе учествуваат и неговите колеги од Косово, Албанија и Црна Гора. Пораката на средбата ќе биде дека на четирите земји приоритет им е забрзана евроатланска интеграција, која е можна само преку интензивна билатерална и регионална соработка. Иванов, инспириран од резултатите што ги постигнаа членките од Вишеградската група, порача дека ќе се заложи за структурализирање и зајакнување на оваа регионална иницијатива. За експертите, идејата на претседателот ќе остане само пуста желба, поради неучеството на Србија и Грција. Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле вели дека Македонија е за групно појавување пред мултилатералните организации, но прашање е дали другите земји се расположени.
„Со оглед на комплексноста на проблемите на Косово и Србија, со оглед на комплексноста на проблемите на Босна и Херцеговина која е далеку од било каков пристап, и со оглед на тоа дека Црна Гора е практично демотивирана во едно вакво друштво да влезе, не гледам можност од веќе постојните регионални здружувања да се направи некое ново.“
Поранешниот амбасадор Благој Зашов вели дека причината за предлогот е поради тоа што земјите од регионот не се моќни да дејствуваат пошироко. Но секој ограничен обид, кај земјите кои одбиваат да земат учество предизвикува сомневање дека идејата е поврзана со внатрешната политика на нејзините иницијатори.
„Имам впечаток дека тоа е само обид да некој внатрешни потреби на луѓето од овие земји, да речат дека се состануваат, дека работат, но некоја подлабока содржина од тоа не би очекувал.“
Според експертите, клучниот играч е Србија, без која една таква регионална групација не би имала смисла. Доколку Косово и Србија се договорат на меѓународен план да не си пречат тогаш е возможно остварување на групација слична на Вишеградската.
Со оглед на комплексноста на проблемите на Косово и Србија, со оглед на комплексноста на проблемите на Босна и Херцеговина која е далеку од било каков пристап, и со оглед на тоа дека Црна Гора е практично демотивирана во едно вакво друштво да влезе, не гледам можност од веќе постојните регионални здружувања да се направи некое ново.