Достапни линкови

Развој на транзитниот туризам


Два милиони патници годишно минуваат низ Македонија по Коридорите 8 и 10, но ретко кој се решава да потроши некој денар во земјава.

Североисточниот плански регион за оваа година има планови и проекти за развој на транзитниот туризам, патната инфраструктура и подобрување на условите за живот на граѓаните во Општините Куманово, Кратово и Липково, вели Младен Протиќ.
Дојдовме до заклучок дека повеќе од два милиона патника поминуваат преку Коридорите 8 и 10, но исто така заклучивме и дека ретко кој од нив застанува да потроши некој денар. Затоа транзитниот туризам би бил основа за планскиот регион.

Во маратонскиот транзиционен период кога индустријата не е ниту на почеток од својот развој бројните туристички локации можат да бидат интересен предизвик за развој на транзитниот туризам, бидејќи како што вели Протиќ:

„Дојдовме до заклучок дека повеќе од два милиона патника поминуваат преку Коридорите 8 и 10, но исто така заклучивме и дека ретко кој од нив застанува да потроши некој денар. Затоа транзитниот туризам би бил основа за планскиот регион.“

Протиќ додава дека оваа организација изготвила и студија за инвестиции за водоводна и канализациона инфраструктура, можности за добивање квалитетна и чиста вода и надминување на канализациониот проблем.
Стари училишта, поранешни месни заедници, планинарски домови. Вклучени се во тој проект 11 објекти за пренамена. Секоја општина си кажува за своите објекти.

„Изготвена е документација за локална патна инфраструктура, за околу 67 километри локални патни правци. Околу 7 милиони евра општините треба да бараат средства за овие инвестиции, преку разни донатори преку Владата на РМ.“

Во насоката за создавање подобри услови за живот, за социјалната инфраструктура планирана е пренамена на стари објекти, кои во овој регион ги има.

„Стари училишта, поранешни месни заедници, планинарски домови. Вклучени се во тој проект 11 објекти за пренамена. Секоја општина си кажува за своите објекти.“

А во соработка со Украинската академија за наука изготвена е студија за искористување на геотермалните води во североисточниот регион:

„Куманово, Страцин, Кратово, Липково, преку Бирото за развој.“

Протиќ додава:

„Успех е што со општината Литија од Словенија, преку програмата „Европа за граѓаните“ и нашиот регион со источниот преку Министерството за животна средина се вклопи со одлука на Влада, се вклопивме за изградба на модерна регионална депонија. Со физибилити студија ќе се утврди каде и како е најисплатливо и најеколошки одржливо таа да се изгради“, смета Протиќ.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG