Косовските Срби кои деноноќно престојуваат на барикадите, решени се, како што изјавуваат, да се бранат и да ги натераат меѓународните фактори на Косово да ја вратат состојбата како пред акцијата на припадниците на
специјалните единици на косовската полиција за преземање на премините Јариње и Брњак.
За таа цел, преставниците на српската влада Борислав Стефановиќ и Горан Богадновиќ водат разговори со КФОР и со Србите на северот на Косово.
„Не е комплицирано, воопшто не е комплицирано. Треба да биде како што беше. И во наш интерес е да се отстранат блокадите. Проблемот се решава со договор. Ако не сакаат договор тогаш мораме на мирен начин да ги натераме да има договор“, им порача Стефановиќ на насобраните Срби на барикадите кај село Рударе.
Еден од нив, Иван Смикиќ, вели дека тие ништо друго не сакаат, туку, како што изјави, да останат на своите имоти.
„Ние тука сме единствени во тоа да опстанеме, да не го дадеме овој простор и за тоа ќе се бориме со нашите животи, се со намера ситуацијата да се врати на претходната состојба од пред 25 јули.“
Од друга страна, официјална Приштина повтори дека косовските институции нема да се откажат од воспоставувањето на редот и законите на северот на земјата.
Косовските власти и со постојани критики до ЕУЛЕКС за неспроведување на мандатот на оваа меѓународна мисија во северно Косово.
Претседателката на Косово, Атифете Јахјага, во интервју за Радио Слободна Европа вели:
„Критиките упатени до ЕУЛЕКС се исправни затоа што ЕУЛЕКС треба да ги спроведе редот и законите и да се бори против организираниот криминал и шверцот. Тоа во минатото не го правеше успешно. ЕУЛЕКС, како европска мисија, го задржува неутралниот став спрема статусот, но не и спрема спроведувањето на законите.“
Претседателката Јахјага во врска со шансите за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина по најновите настани на северот на Косово вели:
„Дијалогот меѓу Косово и Србија што се одвива во Брисел со посредство на Европската унија има за цел практични решенија за подобар живот на граѓаните. Србија едноставно не сакаше да ја продолжи предвидената рунда и не остана друга алтернатива од спроведување реципрочни мерки и воспоставување целосна контрола на границите. Косово е подготвено со која било земја, и со Србија, да разговара за прашања кои се во интерес на сите граѓани во земјата.“
Косовската претседателка, Атифете Јахјага, додава дека Белград треба да игра конструктивна улога, односно да ја прифати реалноста и да воспостави нормални односи со Косово, бидејќи само на таков начин може да се зачуваат мирот и стабилноста на Балканот.
Ние тука сме единствени во тоа да опстанеме, да не го дадеме овој простор и за тоа ќе се бориме со нашите животи, се со намера ситуацијата да се врати на претходната состојба од пред 25 јули.
За таа цел, преставниците на српската влада Борислав Стефановиќ и Горан Богадновиќ водат разговори со КФОР и со Србите на северот на Косово.
„Не е комплицирано, воопшто не е комплицирано. Треба да биде како што беше. И во наш интерес е да се отстранат блокадите. Проблемот се решава со договор. Ако не сакаат договор тогаш мораме на мирен начин да ги натераме да има договор“, им порача Стефановиќ на насобраните Срби на барикадите кај село Рударе.
Еден од нив, Иван Смикиќ, вели дека тие ништо друго не сакаат, туку, како што изјави, да останат на своите имоти.
„Ние тука сме единствени во тоа да опстанеме, да не го дадеме овој простор и за тоа ќе се бориме со нашите животи, се со намера ситуацијата да се врати на претходната состојба од пред 25 јули.“
Од друга страна, официјална Приштина повтори дека косовските институции нема да се откажат од воспоставувањето на редот и законите на северот на земјата.
Критиките упатени до Еулекс се исправни затоа што Еулекс треба да ги спроведе редот и законите и да се бори против организираниот криминал и шверцот. Тоа во минатото не го правеше успешно.