Достапни линкови

Нема опасност од косовските тензии


Новото зголемување на напнатоста меѓу Србија и Косово, според домашните експерти нема да има влијание врз безбедносната состојба во Македонија и регионот.

Министерството за внатрешни работи ја следи ситуцијата на Косово и засега ја оценува како стабилна состојбата на нашите гранични премини. Не е забележано ништо сомнително, а службите имаат вообичаени
Меѓународната заедница ќе изврши притисок и врз едните и врз другите. Ова е сепак резултат на тоа што Косоварите се се` повеќе „осоколени“ од тоа што се повеќе и повеќе добиваат на атрибутот на државноста, Србија исто така се чувствува доста силна после исполнетите обврски со хашките обвинети.
работни активности, изјави портпаролот Иво Котевски. Новото зголемување на напнатоста меѓу Србија и Косово, според домашните експерти нема да има влијание врз безбедносната состојба во Македонија и регионот.

Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност вели дека станува збор за помали инциденти, а очекува по вчерашните настани предизвикани од одлуката на косовските власти да одобрат специјалните единици да ја преземат контролата врз двата спорни гранични пунктови на Косово со Србија, тензиите да почнат да се смируваат.

„Затоа што меѓународната заедница ќе изврши притисок и врз едните и врз другите. Ова е сепак резултат на тоа што Косоварите се се` повеќе „осоколени“ од тоа што се повеќе и повеќе добиваат на атрибутот на државноста, Србија исто така се чувствува доста силна после исполнетите обврски со хашките обвинети.“

Од вчерашните настани на Косово

Останува потребно Македонија да ја следи состојбата и да биде претпазлива, вели Марковски:

„Случувањата се безбедносно интересни и од тој аспект треба да се биде претпазлив што се однесува до Македонија, меѓутоа некои посебни негативни импликации што се однесува до безбедносните состојби во Македонија и во регионот, јас не очекувам.“

Политичкиот аналитичар Мерсал Биљали меѓутоа проценува дека регионот и натаму останува чувствителен и нагласува дека има структури кои лесно може да се вметнат во таквите појави. Не верувам дека засега ќе има дури и минимални имликации, но ако појавите се манифестираат
Случувањата се безбедносно интересни и од тој аспект треба да се биде претпазлив што се однесува до Македонија, меѓутоа некои посебни негативни импликации што се однесува до безбедносните состојби во Македонија и во регионот, јас не очекувам.
подолготрајно по автоматизам можно е да има одгласи и во други средини, вели Биљали.

„Мнозинството конфликти така и почнаа, значи од маргинални појави кои потоа многу брзо се шират. Засега не гледам причини за такви појави со овој настан. Треба сите страни максимално да се воздржат од ситуација кои можат да придонсат до поголема ескалација на ситуацијата.“

Според него, на Косово е непходно поголемо чувство за политички опортунитет.

САД и ЕУ синоќа повикаа итно да се спречи ескалацијата на насилството на Косово, осудувајќи ја употребата на сила за решавање на ситуацијата.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG