Северот на Косово претставува своевидна сива зона. Приштина нема контрола врз ова подрачје, а присуството на паралелните институции лојални на Белград дополнително ја усложнуваат ситуацијата, наведува допсиничката на РСЕ од Белград, Људмила Цветковиќ.
Криминалците на северот на Косово, како што неодамна оцени и командантот на КФОР Ерхард Билер, контролираат се во тој регион и ги подигнуваат меѓуетничките тензии што доведува до судир секогаш кога нивните интереси се загрозени.
Неспорејќи дека постојат криминални групи, официјален Белград сепак, смета дека тие претставуваат параван под кој Приштина се обидува да го интегрира северот на Косово.
„Ние сме подготвени на соработка во борбата против криминалот само тоа да не е алиби некои работи да не се кажат со вистинското име.“
Со ваквиот став на вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ, целосно се согласува и државниот секретар во министерството за Косово, Оливер Ивановиќ.
„Тезата за силни криминални структури на северот се лансира од време на време и секогаш таа е подготовка за некаква операција на КФОР. Но, за криминалните групи во Приштина воопшто се не се зборува.“
Командантот на КФОР Билер признава дека станува збор за мултиетнички банди кои во последниве години заработуваат шверцувајќи гориво од Србија и кои не се заинтересирани за промена на ситуацијата.
Рангел Нојкиќ, претседател на косовскиот одбор на СПО, која е дел од владејачката коалиција, вели:
„Мислам дека тој синџир е широк и не смее да се заврши само на прозваните луѓе од северот, бидејќи тие имаат свои компањони од другата страна на Ибар, односно Албанци, и никогаш тој криминал не беше моноетнички, секогаш беше мултиетнички.“
Во неодамнешниот извештај што го подготви владата на Косово се наведува дека локалните политичари на ДСС и припадници на екстремните групации Образ и Звечанци се најголема безбедносна закана во српските средини на северот на Косово.
„Се што е речено во последниве денови, што се доживува како големо откритие, е нешто за што е разговарано со Косово и тоа се толерира од Белград“, вели Миленко Дерета од Граѓанската инцијатива.
Дел од српските социолози сметаат дека всушност станува збор за една од трагичните последици на политиката која е водена на Косово и кон Косово во последните 20 години, бидејќи, како што велат, никој немал ни храброст, ни политичка мудрост да се занимава со причините на проблемот.

Мислам дека тој синџир е широк и не смее да се заврши само на прозваните луѓе од северот, бидејќи тие имаат свои компањони од другата страна на Ибар, односно Албанци, и никогаш тој криминал не беше моноетнички, секогаш беше мултиетнички.