Санџак, како што признава Муамер Зукорлиќ, муслимански лидер во тој регион, нема да биде Дубаи на Балканот.
„Но, само дајте ни автономија и ние ќе живееме како во Монако“, го цитира Зукорлиќ весникот Економист при што додава:
„Политичарите ветуваат многу чудни работи, но се чини дека особено сурово е да им се сугерира на граѓаните на овој регион во југозападна Србија дека тие наскоро би можеле да живеат како жителите на даночниот рај. Острите повици на Зукорлиќ за автономија предизвикаа загриженост за овој српски пограничен регион со население од 236 илјади од кои повеќето се Бошњаци.“
Нермин Гициќ кој предава на Исламскиот факултет на Зукорлиќ, вели дека барањето на неговиот шеф не се однесува само на Санџак, туку и на другата страна на границата со Црна Гора. Пред извесно време и реис ул улема на Исламската заедница во Босна и Херцеговина, Мустафа Цериќ, изјави дека Бошњаците во Санџак имаат право на своја држава.
Освен Универзитетот, Зукорлиќ има детски градинки, добро парче од медиумите, а сега и од политичките партии во Санџак. Тој формира институт за да се испитаат српските злосторства против Бошњаците во текот на историјата.
„Со сето ова тој го пополнува вакуумот: двајцата претставници од Санџак во српската влада се заинтересирани само за нивните топли столчиња во Белград“, вели Гициќ.
Но, Зукорлиќ има противници кои, како Сеад Биберовиќ, граѓански активист во Нови Пазар, сметаат дека тој сакал се да биде под негова контрола.
„Овој простор дваесет години е во канџите на радикалните елементи или радикалните политики. Ова сега е само една кулминација, со дополнување со тој контекст на религијата и верата“, вели Шабан Шаренкапиќ, интелектуалец од Нови Пазар.
Тој наведува дека локалните политичари ја користат незаинтересираноста на Србија за Санџак што пак, како што додава, е нешто слично што Белград го правеше и со Косово.
Бошњаците во Санџак велат дека не се доволно застапени во државните институции. Но, тие повеќе се загрижени за корупцијата. Еден неодамнешен дипломец вели дека за да добие работа во локалното училиште, ќе мора да го подмити директорот со сума во вредност од неколку годишни плати.
Муамер Зукорлиќ ја има поддршката на Мустафа Цериќ на кој во следната година му истекува мандатот и кој се стреми да стане официјален лидер на сите муслимани во Европа. Се претпоставува дека неговото место ќе го наследи Зукорлиќ. Сараевскиот книжевник Енвер Казаз во врска со ова вели:
„Тој сигурно нема да биде избран за нов реис. Потребна му е афирмација со радикална политика и тоа го прави преку муфтијата Зукорлиќ кој, според многу нешта, потсетува на православните попови од времето на деведесетите години“, вели Енвер Казаз.

Овој простор дваесет години е во канџите на радикалните елементи или радикалните политики. Ова сега е само една кулминација, со дополнување со тој контекст на религијата и верата.