Достапни линкови

Меѓународен медијатор за Санџак?


Од инцидентот во Нови Пазар
Од инцидентот во Нови Пазар

Претерано драматизирање на работите. Ова е оценката на српските власти, но и на експерите за идејата на санџачкиот муфтија Муарем Зукорлиќ за испраќање меѓународна посматрачка мисија во Санџак. Притоа се оценува дека зад проблемите во тој регион стојат политичките аспирации на муфтијата.

Во Санџак во изминативе недели растат тензиите по обвинувањата дека таму зачестиле случаите на дискриминација и кршење на правата врз верска и етничка основа.

Во Бошњачкиот национален совет кој не е признат од српското министерство за човекови и малцински права тврдат дека проблемот треба да се интернационализа, бидејќи властите во Србија не сакале воопшто да разговараат.

„Мисијата на ОБСЕ во Србија е целосно уверена дека српските власти поседуваат средства за заштита на правата на сите граѓани, вклучувајќи ги и оние во Санџак. Мисијата и досега беше вклучена во тој регион“,
Слична ситуација имавме во 2005 година во Војводина кога зачестија инцидентите врз национална основа и кога државата не реагираше соодветно. Тогаш добивме два укора од Брисел. Но, кога државата почна да ја работи својата работа страстите се смирија. Истиот модел треба да се примени и во
Санџак.
вели Томас Мур вршител на должноста шеф на мисијата на ОБСЕ во Белград.

Од министерството за човекови права, пак, прецизираат дека посматачи на ОБСЕ и на Советот на Европа биле присутни во Санџак за време на изборот на советите на националните малцинства.

Муамер Зукорлиќ

Недоразбирањата меѓу владата на Србија и Исламската заедница во Србија што ја предводи Зукорлиќ ескалираа откако Белград се обиде со менување на правилата во текот на изборите за национални малцинства да влијае врз тоа кој ќе седи во Бошњачкиот национален совет, а потоа и со непризнавање на тоа тело.

Сето тоа кулминираше со инцидент околу земјиштето за изградба на градинка за кое Исламската заедница тврди дека било нејзино, по што неколку лица беа упасени.

Потпретседателот на Бошњачкиот совет Емир Елфиќ, инаку брат на една од двете сопруги на Зукорлиќ, вели дека во последниве години се кршат правата на Бошњаците:

„Бошњаците веќе неколку пати го повикуваа Белград на разговори, и нашата рака и натаму е подадена, но тоа не е прифатено од другата страна. Затоа сметаме дека е потребно да се вклучи меѓународен медијатор кој ќе ги стимулира разговорите.“

Меѓутоа, за последните чекори на муфтијата Зукорлиќ кој во последно време заговара и автономија за Санџак не постои разбирање ни во самиот Санџак.

Самиха Качар од Одборот за заштита на човековите права вели дека ситуацијата во регионот е напната, но оти нема причини за меѓународна посматрачка мисија.

Нови Пазар

„Проблемот испадна околу спорна працела и мислам дека тоа треба заедно да го средат општината, државата и Исламската заедница, а не меѓународни посматрачи.“

За директорот на Центарот за регионализам Алекснадар Попов, ваквиот обид е претерано драматизирање на ситуацијата, но и финале на лошиот однос на државата спрема Санџак:

„Слична ситуација имавме во 2005 година во Војводина кога зачестија инцидентите врз национална основа и кога државата не реагираше соодветно. Тогаш добивме два укора од Брисел. Но, кога државата почна да ја работи својата работа страстите се смирија. Истиот модел треба да се примени и во Санџак“, вели Попов.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG