Главниот муфтија Муамер Зукорлиќ во интервју за весникот ,,Вечерње новости,, меѓу другото, вели: ,,Со помалку палки и тепање, но правата на бошњаците се загрозени исто како што беа и правата на албанците. Кога за некое работно место не можат да најдат србин во Нови Пазар, тогаш го довлекуваат од Рашка,,. Кон ваквите забелешки на муфтијата се додава дека српската власт со своите интервенции во политичките, а особено во верските структури влијаела за продлабочување на поделбите во Санџак. Затоа бошњачките политичари велат дека помирувањето меѓу нив е побитно прашање отколку расправата за односот на Србија спрема Санџак.
,,Ние генерално сме задоволни со почетокот на остварувањето, пред се на малцинските права на бошњаците во Санџак.,,
Вели пратеникот од Бошњачката демократска партија Есад Џуџевиќ. Потпретседателот на Демократската партија на Санџак Мујо Муковиќ пак, оценува:
,,Не можат да се прават паралели со кој било. Ни со албанците на Косово за време на Милошевиќ, ни со србите во Книн за време на не знам кој.,,
Првиот политичар е во сојуз со партијата на министерот во српската влада Сулејман Угљанин, додека вториот е во партијата на министерот Расим Љалиќ кој пак е во жесток судир со Угљанин. За овие кавги, како што наведуваат некои, била одговорна претходната влада на Воислав Коштуница која дозволила регистрација на уште една Исламска заедница, со седиште во Белград, на чие чело е Адем Зилкиќ. Тоа предизвика низа инциденти, па и до судири со српската полиција. Зилкиќ неодамна во Санџак му беше домаќин и на сараевскиот муфтија Мустафа Цериќ со кого подоцна престојувал на Косово.
,,Од секогаш сум била против споредување на Санџак со Косово. Тоа се целосно поинакви ситуации. Во Санџак меѓу бошњачките политички партии и меѓу бошњаците нема никаков сепаратизам, никакви идеи од таков вид.,,
Вели добриот познавач на состојбите во Санџак, новинарката Сафета Бишевац, наведувајќи дека спорот во Санџак може да се реши единствено со политички средства, бидејќи поделбите во исламската заедница почнале со ударот од Минситерството за верски прашања на Србија.

Не можат да се прават паралели со кој било. Ни со албанците на Косово за време на Милошевиќ, ни со србите во Книн за време на не знам кој...