Достапни линкови

Сериозно предупредување од Санџак


Нови Пазар
Нови Пазар

Состојбата би можела да се радикализира, доколку властите во Белград и натаму ги игнорираат барањата на Бошњаците.

Муфтијата Муарем Зукорлиќ деновиве му порача на српскиот претседател Борис Тадиќ да стави прст на чело и сериозно да ги сфати проблемите на Бошњаците или во спротивно тие ќе се прелаат на цела Србија.

Портпаролот на мешихатот на Исламската заедница Сеада Шаќировиќ вели дека опасните пораки не стигнуваат од Санџак, туку од Белград и тоа од претседателот Борис Тадиќ, како и од некои министри кои не го почитуваат, како што вели, сопствениот Устав.
Ние упорно велиме дека живееме во Србија, а тие со ваков однос на тераат. Тако постапуваа со албанците, а сега и со нас во Санџак.


„Сите можности ги истрошивме и сега мора да им се јавиме на меѓународните инстанци. Аршините се целосно спротивни за нас Бошњаците, а други за сите преостанати. Претседателот и неговите министри ја палат сопствената куќа. Ние упорно велиме дека живееме во Србија, а тие со ваков однос не тераат. Така постапуваа со Албанците, а сега и со нас во Санџак.“

Од друга страна, познавачите на состојбите велат дека изјавите на Зукорлиќ само им одат на рака на властите во Белград.

Муфтијата Муамер Зукорлиќ

Аида Ќоровиќ, директорка на невладината организација Урбанин од Нови Пазар вели дека ваквите изјави се многу опасни и оти Санџак веќе подолго време претставува поле на контролиран судир.

„Муарем Зукорлиќ ја игра онаа игра што Белград веќе подолго време ја игра тука. Очигледно е дека на Белград не му одговара мирен и економски просперитетен Санџак. Ние сега имаме нов пироман и во овој случај тоа е муфтијата Зукорлиќ.“

Слични се и оценките во Белград. Социологот по религија Срѓан Баришиќ вели дека властите во Белград мораат ваквите изјави да ги
Муарем Зукорлиќ ја игра онаа игра што Белград веќе подолго време ја игра тука. Очигледно е дека на Белград не му одговара мирен и економски просперитетен Санџак. Ние сега имаме нов пироман и во овој случај тоа е муфтијата Зукорлиќ.
сфатат многу сериозно и што поитно да го сменат својот став спрема Санџак.

„Токму ваквата остра реторика која доаѓа од Зукорлиќ е последица од острата политика на Белград во изминативе две години. Треба да сфати дека таму не се случуваат добри работи ни за Исламската заедница, ни за српските граѓани.“

Муфтијата Зукорлиќ му порача на претседателот Тадиќ да не си игра со оган, бидејќи, како што изјави или на сите ќе ни биде добро или ќе има пламен до врвот.

Токму оваа изјава, многумина ја прокоментираа како увод во нова радикализација на состојбата во Санџак.

Претседателката на Хелсиншкиот комитет за човекови права Соња Бисерко смета дека ситуацијата во Санџак јасно ја покажува неспособноста на Србија да ги реши своите внатрешни проблеми.

„Важно е Зукорлиќ и целата таа заедница која сега навистина е единствениот претставник на тој народ мора да биде прифатена како реалност и треба да бидат вклучени во политичкиот живот на Србија, а не да го исклучуваат и со тоа да прижелкуваат радикализација со што ќе ги докажат однапред поставените тези.“

Со Бисерко се согласуваат и дугите аналитичари во Србија кои сметаат дека Белград непромислено често настапува како генератор на кризата во Санџак, наместо да ја смирува тамошната ситуација.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG