Достапни линкови

Во Македонија има вахабисти


поглаварот на ИВЗ, Хаџи Ефенди Сулејман Реџепи
поглаварот на ИВЗ, Хаџи Ефенди Сулејман Реџепи

МВР е пасивно, вахабистите контролираат 4 џамии во Скопје. Веќе нема да молчиме, вели поглаварот на ИВЗ во Македонија, реис-ул-улема Хаџи Ефенди Сулејман Реџепи.

Вахабистите контролираат четири џамии во Скопје, а МВР е пасивно и покрај тоа што ни дава вербална подршка, вели поглаварот на ИВЗ, реис-ул-улема Хаџи Ефенди Сулејман Реџепи, во ексклузивно интервју на колешката Заријета Хајро Јајага од албанскиот сервис на Радио Слободна Европа.
Поглаварот Реџепи вели дека ИВЗМ се обидувала да го скрие фактот дека во Македонија делуваат радикални изламисти-вахабити со надеж и убедување дека тие ќе се дистанцираат. Тоа за жал не се случи, и затоа ИВЗМ отсега ќе ги именува со нивното вистинско име, вели реисот.

„Нивните најголеми настојувања за функционирање се главно во главниот град на Македонија - Скопје, значи, се обидуваат да ги основаат нивните јадра - центри. Затоа, ние како ИВЗМ, и порано сме алудирале внатре во нашиот круг меѓутоа не и кон надворешната јавност, барајќи од надлежните органи кои што имаат обврска врз основа на нормативниот систем на државата, да го чуваат јавниот ред и мир. На почетокот тие се инволвираа во џамијата Јаја Паша, потоа преминаа во друга џамија како што е џамијата Тутунсиз, а подоцна ја узурпираа уште една друга нова џамија која се обнови во Хајтунџик и на крајот се случи скандалозниот инцидент којшто се случи во џамијата Иса Беј на 25.06.2010, во текот на клањањето на Џума намазот. Ова беше кулминација на нивните антицивилизациски, античовечки, антиисламски и исклучително радикални дејства“, вели Хаџи Ефенди Сулејман Реџепи.

Имамот Рамадан Рамадани, иако беше суспендиран од Скопското муфтиство, се уште ги држи молитвите во Иса Беј џамијата во Скопје

Тој се жали дека МВР е пасивно во однос на вахабистите.

„Голема вистина е дека секогаш кога сме разговарале со соодветните институции, конкретно со полициските претставници, сме добивале вербална поддршка од нив. Кажано ни е дека тие ја следат нивната работа, нивното движење, во тек се и преземаат мерки за санкција врз основа на нормите на правниот систем, меѓутоа, да ви кажам право, ние како ИВЗМ сме исклучително скептични во оваа насока, затоа што реално, гледаме дека има пасивност којашто не може да се толерира од страна на надлежните органи на Владата на Република Македонија, конкретно од Министерството за внатрешни работи. Ова го велиме затоа што почнувајќи од Босна, Србија, Црна Гора, Косово и не исклучувајќи ги Турција и Бугарија, сите овие земји со нивните правни дејства докажаа дека имаат мерки и се спротивставуваат на функционирањето на движењето на Вахабитите коишто настојуваат да го заразат општеството во регионов. Меѓутоа, овде кај нас има неспорна реалност дека не се презело ништо, владата и надлежните органи немаат преземено никакви мерки“, вели Реџепи.

Поглаварот на ИВЗ вели дека вахабистите во Македонија се обидуваат да се инфилтрираат и во круговите на политичките партии, особено од албанскиот блок.

„Секаде каде што овие движења функционираат, првично се обидуваат да се стават на услуга или подобро кажано, да се стават во служба на политиката преку која мислат подоцна да имаат успех. Значи и тука кај нас тие немаат избрано конкретни политички субјекти, туку направиле обид кај сите политички субјекти, конкретно албанските, за да се инволвираат во структурите на албанската политика, за потоа преку политиката да ја нападнат институцијата или ја узурпираат ИВЗ за потоа слободно да ја практикуваат Вехабистичката идеологија. Тука тие не биле априори определени за еден политички субјект, туку нивните напори секогаш биле во насока на упорно инволвирање токму во политичкиот субјект кој што е на власт. Или пак пред изборите, склучуваат договори во различни форми, со нечесно обезбедување на гласови, само и само да тој политички субјект дојде на власт и биде нивен сервис, и тие да ја спроведуваат нивната Вехабистичка идеологија. Овде се забележува ,голема пасивност на надлежните органи и навистина е проблем кога ние денес се бориме со сите сили што ги имаме на располагање како општество во целост, да станеме дел од Европа, не знам како ќе ја принудиме Европа да одлучи, имајќи ги предвид сите овие инструменти, сите овие чудни движења, штетни за земјата, за Албанците, за исламот, да не прими во своите прегратки, ова навистина би било вистинско чудо.“
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG