Џамијата била затворена, бидејќи, како што наведува иницијаторката на петицијата Ајнишахе Халими, имамот Џемаил Дука ја користел за нелегални активности на хуманитарното друштво Рахма/Мерси.
„Ситуацијата е алармантна, не само во Србица, туку и на цело Косово, бидејќи по војната се појави секта која води верски екстремизам и која може да прерасне во исламски фундаментализам.“
За да се ослободат од стравот да не дојде до тоа околу шест илјади луѓе, како што јавува дописничката од Косово Ана Мари Репиќ, потпишале петицијата во која се објаснува дека џамијата на илегален начин се употребувала не само за верски, туку и за други активности и за манипулирање на сиромашните. Имамот на џамијата Кастриот Дука од Елбасан во Албанија кој го сменил името во Џемаил ги отфрла обвинувањата:
„Ги земале потписите со лажни ветувања. Тоа не е праведна одлука, бидејќи државата е одвоена од џамијата. Имаме Исламска заедница која единствена има овластување да затвори џамија.“
Потпретседателот на општина Србице Абдул Имери е со спротивно мислење и се сомнева дека активностите во џамијата биле во согласност со правилата на Исламската заедница:
„Оваа џамија не и е одговорна на Исламската заедница и активностите што се одвиваат во неа за нас беа сомнителни.„
Имамот Дука наведува дека неговата хуманитарна организација дава финансиска помош од околу 20 евра месечно за 550 семејства. Дел од членовите на овие семејства велат дека Дука, со својата работа, стекнал големо почитување.
„Станува збор за завера против оџата. Тој им помагаше на сите од душа. Кога ќе замине се ќе заврши.“
Вели Шефкие Мезиу. Рахма/Мерси била основана во 1999 година во Британија со цел да им помага на косовските бегалци и на децата кои останале без родители. Сепак, многумина велат дека таквата помош била условена со лојалност спрема имамот, како редовно одење на децата во џамија, учење на Куранот и задолжително носење фереџе. Ваквите активности не наидоа на одобрување од Исламската заедница на Косово и кај повеќето верници:
„Јас сум муслиманка, но сум за тоа верата да се почитува традиционално, како порано, а не како што се прави во Иран или Ирак.“
Вели Ајнишахе Халими. Пред три години косовското министерство за внатрешни работи објави извештај во кој се оценува дека вехабизмот почнал да се шири на Косово и оти тоа се прави преку разни хуманитарни организации.

Ситуацијата е алармантна, не само во Србица, туку и на цело Косово, бидејќи по војната се појави секта која води верски екстремизам и која може да прерасне во исламски фундаментализам.