Достапни линкови

Почна судењето на 15 вехабисти обвинети за тероризам


Во Белград деновиве почна судењето на групата од петнаесет вехабисти обвинети за тероризам и за недозволено држење оружје и експлозиви. Во обвининето се прецизира дека вахебистите се организирале со цел да дејствуваат во меѓународни размери заради стекнување политичка и верска надмоќ.

Обвинтелот во овој процес Јовица Јовановиќ во образложението навел дека обвинетите од половината на две илјади и шестта до март минатата година на територијата на Нови Пазар и Сјеница организирале криминална група во намера да ја загрозат безбедноста на Србија. Групата се товори и за планирање убиство на муфтијата на Санџак Муамер Зукорлиќ и напад врз полициската станица во Нови Пазар. Овие обвинувања беа отфрлени од првообвинетиот Сенад Рамовиќ:

„Ова обвинение како да го пишувал Џорџ Буш или агентот на ЦИА Муамер Зукорлиќ. Тоа се базира врз омраза спрема исламот и муслиманите. Не сме терористи, сите муслимани се мои браќа, асите неверници се мои непријатели.“

Изјави пред судот триесет и пет годишниот Рамовиќ, чиј адвокат Рајко Даниловиќ изрази сомневања и во врска со обвиненитео за поседување големо количество оружје.

„Станува збор за оружје што се продава по пазарите во Нови пазар и околината. Таа група млади луѓе го собирала само за да се заштити од муфтијата Зукорлиќ.“

Воено политичкиот коментатор Зоран Драгишиќ вели дека ова судење ќе предизвика големо внимание во јавноста:

„Секако дека тие тврдат оти не се терористичка организација, бидејќи секоја терористичка организација го тврди тоа за себе. Генерално гледано, вехабиите е верско учење и кога некои од нив собираат оружје, тогаш станува збор за терористички активности.“

Драгишиќ наведувајќи дека политиката не може целосно да се исклучи од овој процес, сепак озенува дека не се работи за политичко судење.

„Не верувам дека тоа судење е покренето од политички причини. Значи не треба да им се суди за она во што веруваат, туку за тоа што собираа оружје и што пукале врз полицијата при нивното апсење.“

Во таа акција беше убиен Исмаил Прентиќ кој, според полицијата, бил водач на обвинетите вехабисти.
XS
SM
MD
LG