Стартот на учебната година ги раскара жителите на Подвис и Годивље. И едните и другите не попуштаат околу тоа во кое село треба да учат децата.
Почетокот на новата учебна година, ги раскара жителите на две кривогаштански села: Подвис и Годивље. И едните и другите инсистираат децата да им учат во училиштето во нивното, а не во соседното село. Оние од Подвис тврдат дека објектот на училиштето е реновиран, па иако не е ставен во функција, ги исполнува хигиено-техничките норми за одржување непречена настава, во однос на школото во Годивље, кое е во фаза на распаѓање.
„Темелно е реконструирано некаде 1996-та. И училиштето има довод на вода, одвод има, септичка јама, веце со вода, умивалници има и сите други работи кои одговараат за учениците“, објаснува Благоја Ризаноски, жител на Подвис.
А, Светлана Пејоска, мајка на две деца е сериозно загрижена, зашто според неа школото во Годивље е во катастрофална состојба.
„Нема услови за учење, сето е срушено, уште малку ќе падне таванот врз нив, нема ни вода, нема ништо, а нашето школо е подобро од нивното таму.“
Доколку не се донесе одлука учениците да учат во Подвис, родителите тврдат дека бојкотот на наставата од почетокот на школската година ќе продолжи. Тие се незадоволни и затоа што никој не им ја гарантира безбедноста на децата во школото во Годивље, каде што до лани следеле настава.
„Доколку нешто се случи со вашите деца, ние ништо не одговараме како градоначалник на Општина Кривогаштани и директорката на основното училиште во Кривогаштани, ни рекоа дека „вие ќе си одговарате за вашите деца“. Ние реагиравме до надлежните институции“, вели Игор Талески.
Тој додава дека заедно со другите жители на Подвис доставиле писмени барања до Министерството за да се изврши контрола врз двата објекта, а ќе се бара и советниците на вонредна седница да расправаат за овој проблем.
Но, жителите од Годивље не попуштаат. Тие сметаат дека Општината може да преземе мерки и со мали интервенции да го санира објектот, па како и пред 2,5 месеца да продолжи наставата во ова селско училиште.
„Ние мислиме децата наши да си одат овде, а од Подвис децата ако сакаат таму да му појде и наставник, нека си одат таму нека си учат во Подвис, ако не, нека одат во Кривогаштани. Ние децата не ги пуштаме овде од селото, уште тоа школо ни е, ако се затвори потоа нема веќе да има ништо“, вели Цветко Николоски, пренесувајќи го ставот на своите соселани.
Сите стравуваат дека ако се затворат училишните врати, едноставно ќе замре селото, а тоа ќе значи почеток на процесот на изумирање на ова Годивље, што никој од нив не го посакува.
Директорката на школото во Годивље, Светлана Костадиноска и покрај инсистирањето, не успеавме да ја контактираме.
Градоначалникот на Општина Кривогаштани, Гоце Дуртаноски како и жителите на Подвис, потврди дека објектот во тоа село е многу подобар отколку оној во Годивље. Но, сепак тој смета дека за да се реши проблемот, неопходно е жителите на двете села да покажат поголемо разбирање. Само така вели ќе се избере најдобрата солуција во интерес на децата.
Тој потсетува и дека продолжувањето на бојкотот на наставата не ја исклучува можноста од санкции за родителите, кои не ги пуштаат децата на настава, што е предвидено со законот за образование.

Нема услови за учење, сето е срушено, уште малку ќе падне таванот врз нив, нема ни вода, нема ништо, а нашето школо е подобро од нивното таму.Жител на село Подвис.
А, Светлана Пејоска, мајка на две деца е сериозно загрижена, зашто според неа школото во Годивље е во катастрофална состојба.
„Нема услови за учење, сето е срушено, уште малку ќе падне таванот врз нив, нема ни вода, нема ништо, а нашето школо е подобро од нивното таму.“
Доколку не се донесе одлука учениците да учат во Подвис, родителите тврдат дека бојкотот на наставата од почетокот на школската година ќе продолжи. Тие се незадоволни и затоа што никој не им ја гарантира безбедноста на децата во школото во Годивље, каде што до лани следеле настава.
„Доколку нешто се случи со вашите деца, ние ништо не одговараме како градоначалник на Општина Кривогаштани и директорката на основното училиште во Кривогаштани, ни рекоа дека „вие ќе си одговарате за вашите деца“. Ние реагиравме до надлежните институции“, вели Игор Талески.
Тој додава дека заедно со другите жители на Подвис доставиле писмени барања до Министерството за да се изврши контрола врз двата објекта, а ќе се бара и советниците на вонредна седница да расправаат за овој проблем.
Но, жителите од Годивље не попуштаат. Тие сметаат дека Општината може да преземе мерки и со мали интервенции да го санира објектот, па како и пред 2,5 месеца да продолжи наставата во ова селско училиште.
Ние мислиме децата наши да си одат овде, а од Подвис децата ако сакаат таму да му појде и наставник, нека си одат таму нека си учат во Подвис, ако не, нека одат во Кривогаштани.Жител на Годивље