Достапни линкови

Заедничка настава за албанските и македонските ученици


Церемонија по повод отворањето на нови простории во училиштето „Толи Зордумис“
Церемонија по повод отворањето на нови простории во училиштето „Толи Зордумис“

Во ОУ „Толи Зордумис“ заедничка настава на основците на македонски и на албански јазик.

Додека средношколците Албанци уште пред една деценија се дислоцираа од матичните училишта и добија нови простории на нови локации за одржување настава, бидејќи сметаа дека не се безбедни да учат со нивните врсници Македонци, основците во ОУ „Толи Зордумис“ добија нови простории во матичното училиште. Тие заедно со нивните врсници кои посетуваат настава на македонски јазик ќе учат во мешани смени.
Овој потег на интегрирање на македонските и албанските дечиња да учат заедно е само никулец на еден процес од кој ќе имаме интегриран образовен процес. И повторно Куманово ќе биде пример во градење добри меѓуетнички односи
Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.

Проширување на просторот беше на иницијатива и на барање на советниците во општинскиот Совет од политичките партии на Албанците, а локалната самоуправа издвои средства и го прошири овој образовен објект. Иако, според градоначалникот Зоран Дамјановски, тоа е во надлежност на Министерството за образование.
Повторно Куманово ќе биде пример во градење добри меѓуетнички односи, вели градоначалникот Зоран Дамјановски

„Овој потег на интегрирање на македонските и албанските дечиња да учат заедно е само никулец на еден процес од кој ќе имаме интегриран образовен процес. И повторно Куманово ќе биде пример во градење добри меѓуетнички односи на сите етникуми во граѓанско општество, во какво сакаат да живеат граѓаните на Куманово.“

Поради шареноликоста на општинскиот Совет, според Дамјановски издвојување на средствата за проширување на училишниот објект било тешка политичка одлука.

Во училиштето е обезбеден простор од околу 500 метри квадратни, за чија изградба се инвестирани околу 200 илјади евра, а настава во деветолетка ќе посетуваат околу 200 основци Албанци.

„Последната деценија имаше сегрегација на образовниот процес, каде се делеа училиштата на македонски и на албански и тоа беше физичка поделба. Тоа, пак, не е европска агенда. Ова е прв пример каде имаме зголемување на популација од албанскиот етникум на ист простор со останатите“, rече Дамјановски кој ова го смета за пресвртница во градењето на граѓанското општество.
Ние сме училиште кое немавме никаки проблеми, а учениците ќе продолжат да учат во мешани смени и тоа во деветолетка.
Нинослав Трајковски, директор на ОУ „Толи Зордумис“.

Нинослав Трајковски директор на ОУ „Толи Зордумис“ вели дека во ова училиште децении наназад наставата била двојазична.

„Ние сме училиште кое немавме никаки проблеми, а учениците ќе продолжат да учат во мешани смени и тоа во деветолетка.“

Идриз Адеми, наставник по етика во училиштето, вели:

„За нас пуштање нови простории значи многу, бидејќи учениците поради недостаток од простор мораа да учат во ОУ „Бајрам Шабани“. Условите се оптимални и не може да бидат подобри.“

Претставниците од локалната самоуправа и градоначалникот Дамјановски сметаат дека пуштањето на овој објект е во рамките на одбележувањето на две децении од независна Македонија и една деценија од Рамковниот договор.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG