Меѓуетничката и верска нетрпеливост меѓу жителите во долненските села Пешталево, Секирци и Ропотово се причина за бојкотот на наставата на 50-ина основци во училиштето Ѓорче Петров. Родителите се категорични дека нема да дозволат нивните деца да следат настава се додека градоначалникот на Општина Долнени не ја повлече одлуката за вработување на служител и одделенски наставник од албанска националност. Велат нема да дозволат на нивните деца да им предаваат наставници кои не и припаѓаат на православната вера.
Македонци сме биле и Македонци остануваме, до последно децата наши на школо нема да одат. Родители, дедовци, прадедовци војна воделе за Македонија и ние да попуштаме сега, нема попуштањеЖаклина Грујоска, родител
Тие се загрижени и затоа што нововработениот служител неодамна им се заканувал на жителите од Пешталево, затоа бараат тој ниту ден да не остане во училиштето.
„Вработен е и служител во основното училиште во Пешталево, од албанската националност кој ни закани дека ќе коли македонски православни деца. Луѓе сега тој е служител кај нас, значи ние сега немаме доверба, немаме сигурност за нашите деца“, вели Иванка Богеска.
Родителите од трите долненски села како што рекоа не бараат помош од Министерството за образование, туку вината ја префрлаат само на градоначалникот Абдула Бајрамоски, кого го обвинуваат за целиот овој хаос што им се случува. Но, според Бајрамоски, проблем во Општината нема. Иако во Долнени живеат етнички мешано население, имало
Во село Ропотово еднаш се вработува муслиманка која има завршено, има диплома за одделенски наставник и по сите закони, пропишани правила во Република Македонија, таа заслужува да биде на работно местоАбдула Бајрамоски, градоначалник
„Во село Пешталево од вкупно петмина наставници, тројца се Македонци, иако поголем дел од децата се муслимани. Ако ги земеме населените места како што се: Лажани, Дебреште, Црнилиште, Житоше... повеќе од 50 отсто од наставниците се Македонци. Дебреште и во Лажани се над 80 отсто Македонци. Во село Ропотово еднаш се вработува муслиманка која има завршено, има диплома за одделенски наставник и по сите закони, пропишани правила во Република Македонија, таа заслужува да биде на работно место.“
Бајрамоски истакна дека ќе се сретне лично со Советот на родители и дека ќе преземе мерки проблемот да се надмине.