Достапни линкови

Старт на учебната година


Претседателот Ѓорге Иванов им посакува успех на првачињата на почетокот на учебната година.
Претседателот Ѓорге Иванов им посакува успех на првачињата на почетокот на учебната година.

Стартот на учебната година дополнително ги зголемува трошоците во семејниот буџет. Почнува „трката“ по набавка на учебници и училишен прибор.

Почетокот на новата учебна година дополнително ги зголеми трошоците на родителите. И додека секое семејство прави план за да го распореди домашниот буџет, овој период за продавачите на учебници и училиштен прибор е поволен. Во книжарниците велат дека се уште е рано да кажат дали продажбата е задоволителна, но сепак се надеваат на добра заработувачка.
Зависи кој колку има. Ранец, учебници... Без пет-шест илјади не можеш да пуштиш дете во училиште.

Во книжарниците може да се најдат потребните учебници, но најголемиот дел од нив, учениците ги добиваат во училиштата. Еден учебник во просек чини 200 денари.

„Добро оди во овој период, се вратија луѓето од одмори, се подготуваат за училиште, подароци, учебници“, велат од една книжарница.
x


Она што е интересно е фактот што пропратниот училишен прибор чини многу повеќе од комплет учебници. На пример најефтиниот, а сепак со добар квалитет училишен ранец чини 1.000 денари. Но, има и такви кои чинат повеќе од 3.000 денари:

„Зависи кој колку има. Ранец, учебници...Без пет-шест илјади не можеш да пуштиш дете во училиште“, објаснуваат во една книжарница.

„Само ликовно ако го земеме како пример е над 3.000 денари. Ќе им кажат темперни бои, мрсни бои, блок...“

Учениците кои ги сретнавме се уште не знаат што се ќе им треба за в училиште. Велат дека нешто купиле, но за тоа што ќе им треба за да ја поминат целата учебна година деновиве ќе ги информирале наставниците.
Само ликовно ако го земеме како пример е над 3000 денари. Ќе им кажат темперни бои, мрсни бои, блок...

„Јас имам купено школски прибор.“

„Утре ми рекоа дека ќе ми ги дадат.“

„Ни го дадоа распоредот, па сигурно и книги ќе ни дадат.“

Покрај редовните трошоци за секој ученик, новите измени на законите за основно и средно образование, предвидуваат и казни за родителите чии деца имаат слаб успех или непримерно се однесуваат. Така на пример доколку родителот не одговори на поканата на психолозите и педагозите, може да биде казнет со 200 евра, а ако не се јави на три покани по ред, ќе биде известен Центарот за социјална работа.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG