Достапни линкови

Интервју – Ралф Брет


Ралф Андреас Брет
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:27 0:00

Ралф Андреас Брет, Амбасадор на ОБСЕ во Македонија

Сметам дека случајот со загинувањето на момчето, кој е многу трагичен и посебен, треба да се држи настрана од политички дискусии, вели амбасадорот на ОБСЕ, Ралф Брет, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Брет вели дека на случајот му недостигала транспарентност.





Амбасадоре, ова не ви е прв пат во Македонија. бевте дипломат за Германија во амбасадата во Скопје. Дали би можеле да направите споредба на двете позиции, тогашната и сегашната? Кои се сличностите и разликите?

Пред се би сакал да кажам дека јас веќе имам долг дипломатски живот. Веќе 29 години сум во дипломатската служба. Би се опишал како дипломат со кариера, бидејќи сум работел на четири континенти, на различни позиции во Министерството за надворешни работи. Како што споменавте, овдека бев на позицијата амбасадор на Германија од 2005 до 2008 година. Главната разлика секако е во тоа што сега ги претставувам интересите на ОБСЕ, а не се обидувам да ги следам националните интереси. Тука сме 56 земји членки со различни политички традиции и политички интереси. Дугата разлика е во тоа што не сме директно инволвирани во дискусиите за пристапк кон НАТО и Европската унија, барем не во оперативна смисла, бидејки во случајов земјата домаќин е членка на ОБСЕ. Уште една разлика секако е во тоа што тука повеќе се концентрираме на проекти. мбасадите секако имаат проекти, но тука тие се главна работа. Менаџерските предизвици секако се поголеми од оние во амбасадата и во поглед на вработените, со тоа што има околу 170 лица од 23 земји. Постојано има флуктуации и раздвиженост.

Имајќи предвид дека ОБСЕ работи со македонската полиција, како гледате на првичната реакција на властите за убиството на 23 годишник на градскиот плоштад по изборите?

Најпрвин, не би го употребил зборот убиство, бидејќи за тоа треба да одлучи судот. Младиот човек загина, тоа е јасно и многу трагично и морам да нагласам дека сме многу шокирани од ова. Во врска со првичните реакции, нашата мисија нема истражувачка улога. Не можеме да имаме сопствени наоди за овој настан и не можеме да навлегуваме во детали. Значи тешко е да се зборува, но од она што го видовме од првичните реакции, можеби информациите доаѓаа капка по капка. Впечатокот е дека справувањето можеше да биде малку подобро од аспект на транспарентност.

Поради инцидентот настанаа протести низ целата земја. Мадите поднесоа барања до надлежните институции, до Министерството за внатрешни работи. Судејќи по искуствата на демократски земји и Вашата земја, како треба да реагираат институциите?

Секако, во демократско општество уставно е загарантирано правото за демонстрации, собири и изразување на мислење. Важно е да се овозможи одвивање на демонстрациите, за луѓето слободно да ја изразат својата волја и да имаат можност да покажат како се чувствуваат. Од демократски аспект тоа е најсуштински.

Погледите на протестите се поларизирани - дека се политички или не се политички. Како сметате дека треба да реагираат политичките партии?

Секако партиите имаат искушенија да ги искористат демонстрациите како доказ или потврдување на нивните позиции. Сметам дека овој случај, кој е многу трагичен и посебен, треба да се држи настрана од политички дискусии и да не се користи за политички кампањи или расправии.

Споменик се крена на гратскиот плоштад. Грција реагираше на најголемиот споменик на Александар Велики. Како гледате на оваа ситуација, како набљудувач?

Бев информиран дека не станува збор за Александар Велики туку „Воин на коњ“ и секако секој може да го интерпретира неговото значење. Како што рековте, тој е подигнат што значи дека одлуката е донесена. Таму е. Прашање е за владата и луѓето кои носат одлуки, дали ова е приоритет за нив, каква била евалуацијата и дали се вклопува во естетиката на градот, дали е во согласност со планирањето на градот за во иднина? Што се однесува до политичкиот импакт кој го споменавте, секако ОБСЕ не може да суди, но ако донесете одлука, било политичка или одлука за планирање, како во случајов, мора да имате предвид што ќе се случи, како некој друг ќе реагира и што ќе помисли. Како политичар секогаш мора да ја гледате целата слика.

На изборите се гледа како на демократски и се очекува позитивна забелешка во извештајот на Европската комисија. Како и да е, како сметате дека ќе се одрази инцидентот за кој говоревме врз имиџот на Македонија пред странските набљудувачи?

Прво морам да кажам дека секако ОДИХР ја донесе ваквата проценка, која генерално беше многу позитивна. Се покренаа одредени забелешки кои не смеат комплетно да бидат заборавени. Една од нив се однесуваше на издвојување на власта од политичките партии, посебно за време на предизборна кампања, имено проблемот со користењето на ресурсите. Како што рековте, прелиминарната оценка беше позитивна. Секако од нас не зависи што ќе напише ЕУ во извештајот но претпоставувам и можам да замислам дека тоа ќе се рефлектира. Настаните кои ги споменавте не се директно поврзани со изборите. Значи изборите имаат вредност како такви. Јасно дека тоа е придобивка за земјата. Јасно е дека ќе има позитивно влијание. Но сепак и другиот настан ќе има свое влијание. Тоа е како мозаик. Има многу делови, некои се бели, други пак се повеќе сиви. Целата слика е всушност проценката на меѓународната заедница и на сите меѓународни набљудувачи.

Многумина сметаат дека спорот со името е единствената пречка на македонските евроатлански интеграции. Што е со реформите? Дали според Вас тие редовно се спроведуваат?

ОБСЕ не издава извештаи за статусот и за напредокот. Работиме во области кои според нас ,со консензус на Владата, се важни. Во тие полиња е и полицијата, каде ќе продолжиме да работиме, како и областите на добро владеење и образование, каде сметаме дека уште нешто може да се направи. Тука се и Исто изборите, мислам на системот за избори, создавањето и имплементацијата на законите. Мислам дека тука може да се направи нешто и ќе работиме на овие проекти.

Споменавме дел од активностите на ОБСЕ. За крај, дали би кожеле да ни дадете краток преглед на активностите на организацијата?

Имаме три таканаречени столбови за проекти. Од една страна е полицијата каде се работи во врска со традиционалната полициска служба. Се работи со полицајците кон создавање на демократска и одговорна полициска сила. Втората точка во овој столб се однесува на полицијата и заедницата, имено поблизок контакт на полицајците, посебно во руралните области, со народот, се со цел да се зголеми довербата во полицијата. Луѓето да можат да зборуваат за своите проблеми со полицијата и за клучни случувања на тере, се со цел да се спречат конфликти. Втора голема област се изборите. Секако и во иднина ќе има избори. Се работи на изборниот законик а ќе се разгледуваат и проблемите околу избирачкиот список. Тука го имаме и образованието, посебно интегрираното образование на различни етнитети. Ова е една од нашите традиционални области. Потоа тука е и граѓанската служба. Ова е клучен фактор за обезбедување на квалификуѕвани вработени кои не с еполитички поларизирани. потоа го имаме третиот сектор а тоа е владеењето на правото. Таму работиме на кривичните процедури. Како што реков работиме и во полето на создавање и имплементирање на закони. Учиме луѓе од министерства и од парламентот како да создаваат закони и што треба да се име предвид. Секако следиме и судења / различни судења кои верувам не треба да ги споменувам. Ги посетуваме судењата и разговараме со адвокатите. контактираме со луѓе од правниот сектор и од правосудните институции. Работиме со обвинителите и со други системи.
XS
SM
MD
LG