По двонеделните протести на младите против полициската бруталност, пред споменикот на Мајка Тереза, денеска друга група протестираше пред седиштето на СДСМ против злоупотреба на убиството на Мартин Нешкоски во политички цели. Двете групи меѓусебно се обвинуваат за политичка вмешаност во нивната цел. Едните бараат оставка од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и нејзиниот
потпарол Иво Котевски, независно тело за контрола на МВР и расветлување на случајот со Нешкоски. Другите, пак, оставка на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, бидејќи неговата партија била одговорна за смртта на Нешкоски и за протестите.
Видео - Протести и контрапротести:
Еден од учесниците на досегашните протести, Кирил Ефремовски, вели дека тие никогаш не почуствувале политички притисок, ниту пак официјални членови на политички партии дошле да лобираат или да ги инволвираат во било каква конотација.
„Ние се оградуваме од какви било политички прозивки и истите ги отфрламе во целост, младите се собираат и протестираат спонтано. Не знам за каков вид протест и контрапротест пред СДСМ се работи, меѓутоа оние кои веќе 14 и денеска 15 ден се собираат пред платото на Мајка Тереза и протестираат по плоштадите и улиците на Скопје нема да учествуваат на таков протест кој би се одвивал пред штаб на политичка партија.“
Билјана Тодороска од групата која ќе протестира пред СДСМ и која пред неколку дена излезе на прес-конференција пред одредени медиуми не сакаше да зборува за нивните активности, а ни останатите не биле во можност да дадат изјава. Тодороска претходно изјави дека се згрозени од СДСМ која го обоила протестот.
„Не е убаво СДСМ вака да ги злоупотребува младите, да злоупотребува граѓански иницијативи, а најневкусно е што се обидува да ја
злоупотреби смртта на еден млад човек.“
И им дава инструкции на демонстрантите, додаде Тодороска.
„Она што на почетокот беше чист младешки протест, веќе преставува партиски протест партиски обоен од СДСМ. Се згрозивме кога во четвртокот на многу наши другари, учесници во протестот, им се јавија лица како дел од штабот на СДСМ за организирање на протестот.“
Ефремовски вели дека групата на чело со Тодороска не учествувала во нивните протести и дека позади нив стои политичка партија.
„Лицето кое што излезе имаме информација дека е член на определена политичка партија, од истата се оградуваме и одговорно тврдиме дека личноста којашто настапи пред камеритие не била присутна на ниту еден ден од протестите, ниту пак неколкуте луѓе, значи таа минорна група од пет-шест млади, не присуствувале на протестите.“
Ефремовски вели дека денеска тие пак ќе се соберат но не за да протестираат, туку ќе имаат дебата за да ги преслушаат нивните ставови и да се договорат како натаму ќе дејствуваат.

Групата млади кои секој ден протестираат во центарот на Скопје се оградуваат од политички етикетирања
Билјана Тодороска од групата која ќе протестира пред СДСМ и која пред неколку дена излезе на прес-конференција пред одредени медиуми не сакаше да зборува за нивните активности, а ни останатите не биле во можност да дадат изјава. Тодороска претходно изјави дека се згрозени од СДСМ која го обоила протестот.
„Не е убаво СДСМ вака да ги злоупотребува младите, да злоупотребува граѓански иницијативи, а најневкусно е што се обидува да ја
Она што на почетокот беше чист младешки протест, веќе преставува партиски протест, партиски обоен од СДСМ.
И им дава инструкции на демонстрантите, додаде Тодороска.
„Она што на почетокот беше чист младешки протест, веќе преставува партиски протест партиски обоен од СДСМ. Се згрозивме кога во четвртокот на многу наши другари, учесници во протестот, им се јавија лица како дел од штабот на СДСМ за организирање на протестот.“
Групата која ќе протестира пред СДСМ бара оставка од Бранко Црвенковски, бидејќи неговата партија била одговорна за смртта на момчето