Со универзитетската химна „Де бревитате витае“, професорите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ја бранеа автономијата на Универзитетот, за која велат дека е загрозена со предложените измени на Законот за високо образование. Претходно, дел од студентите, преку протести, ги подржаа истите измени. Неколку десетици професори кои протестираа бараат да се повлече предлог законот и да се изготви нов закон.
„Се собравме да протестираме затоа што терминот професор добипежоративна смисла, нешто што е апсолутно неприфатливо. Секој што не го почитува, секој што ја крши, постапува против Уставот“, вели професор Гордана Бужаровска.
Пред протестот на професорите, гласот го кренаа и студентите од Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Присутните студенти не знаеја или не сакаа да кажат кои измени од Законот ги подржуваат. Причината зошто протестираат ја објасни Иван Живковски, претседател на Студентскиот парламент од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
„Студентскиот парламент поддржува законски измени и сметаме дека овие законски измени ќе одат во насока на подобрување на квалитетот. Ние не би навлегувале сега во суштината, меѓутоа тие законски измени предвидуваат да има неколку програми на англиски јазик на целиот Универзитет, а не дека студентите треба да полагаат неколку предмети англиски. Апсолутно поддржуваме и екстерно оценување.“
Студентите, пак, од независното студентско движење „Слободен Индекс“ застануваат на страната на професорите и сметаат дека предложените измени на Законот за високо образование нема да доведат до реално подобрување на квалитетот на високото образование. Од друга страна, пак,ректорите на УКИМ и на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ соопштија дека не ги подржуваат професорите. За нив протестот не е начин да се реагира на измените.
Министерот Никола Тодоров, коментирајќи ги актуелните случувања во врска со предлог измените на Законот за висоско образование, изјави дека во демократска земја протестот не може да биде забранет, но повика да се прифатат промените што ќе донесат квалитетно високо образование.
„Во тој правец се и овие законски измени. Јас и вчера апелирав и денеска сакам повторно да апелирам до сите чинители - и до студентите и до професорите, пред да преземат каква било акција, да ги прочитаат измените на Законот за високо образование и да видат дека во нив нема ништо што ја нарушува автономијата, нема ништо што ги става професорите во подредена положба.“
Но, во Македонија стана практика секој протест да биде проследен со контра-протест. Па се добива впечаток дека земјата е во континуиран протест. Протестираат незадоволните млекари, стечајци, лекари, тутунари, професори, а од друга страна, пак, следи контра протест, на задоволните земјоделци, жртвите на транзицијата, студенти, група граѓани против лекарите. Аналитичарот Љуљзим Хазири вели дека организирањето на контрапротести е своевиден балкански феномен.
„Таканаречените контра-протести се многу штетни за демократската култура во една држава, се со цел да се исполитизира било која иницијатива која се изразува преку искажување на истата преку протести.“
Практиката на протести да се одговара со контра-протести започна минатата година со протестот за изградба на црква на плоштадот Македонија. Тогаш група на граѓани кои сакаа црква на плоштадот се побунија против „неверниците“, а дури дојде и до физички пресметки.
„Се собравме да протестираме затоа што терминот професор доби
Се собравме да протестираме затоа што терминот професор доби пежоративна смисла, нешто што е апсолутно неприфатливо.
Пред протестот на професорите, гласот го кренаа и студентите од Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Присутните студенти не знаеја или не сакаа да кажат кои измени од Законот ги подржуваат. Причината зошто протестираат ја објасни Иван Живковски, претседател на Студентскиот парламент од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
„Студентскиот парламент поддржува законски измени и сметаме дека овие законски измени ќе одат во насока на подобрување на квалитетот. Ние не би навлегувале сега во суштината, меѓутоа тие законски измени предвидуваат да има неколку програми на англиски јазик на целиот Универзитет, а не дека студентите треба да полагаат неколку предмети англиски. Апсолутно поддржуваме и екстерно оценување.“
Студентите, пак, од независното студентско движење „Слободен Индекс“ застануваат на страната на професорите и сметаат дека предложените измени на Законот за високо образование нема да доведат до реално подобрување на квалитетот на високото образование. Од друга страна, пак,
Така наречените контрапротести се многу штетни за демократската култура во една држава, се со цел да се исполитизира било која иницијатива.