Достапни линкови

Рамковниот договор - успешна приказна


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов на Конференцијата за одбележување на десетгодишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов на Конференцијата за одбележување на десетгодишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.

Во иднина да се работи на недостатоците и на целосно спроведување на договорот - порака од Конференцијата во Охрид.

Со Рамковниот договор се избегна практиката, територијални солуции да се нудат како решенија на етнички проблеми и се избегна насилството, а
Се соочуваме со многу неидеалности и мислам дека неколку индикатори ни овозможуваат да видиме каков е тој простор за подобрување во период кој ни престои.

придонесе за градење на култура на толеранција и меѓусебно разбирање и доверба, рече шефот на македнската дипломатија Никола Попоски на вториот ден на Конференцијата во Охрид по повод прославата од потпишувањето на договорот. Според Попоски договорот е успешна приказна, иако има уште апекти на кои треба да се работи.

„Сето тоа е на многу повисоко ниво од пред десет години. Доколку ги согледаме овие видувања за кои сите делиме иста перспектива, може да звучи како идеален свет, но тоа не е случај. Се соочуваме со многу неидеалности и мислам дека неколку индикатори ни овозможуваат да видиме каков е тој простор за подобрување во период кој ни престои.“

Според Попоски, предизвик ќе биде да се најде правилен баланс во правичната застапеност во иституциите. Треба да се зголеми застапеноста на помалите етнички заедници, преку разни проекти.

„Забележителен е тренд дека постои една половична поделеност во било која етничка заедница дека се жртви на етничка дискриминација. Вториот параметар е колку можеме да заклучиме дека застапеноста на етничките заедници е гаранција за успешна администрација. Во зависност од тоа колку ќе бидеме успешни во овие два параметра, мислам дека ќе зависи и оценката за успешноста на Рамковкиот договор во наредните десет години. Мислам дека и следните 10 години ќе бидат исто важни.“

Потпишувањетто на Рамковниот договор на 13 август 2001 година во Скопје.

Евроамбасадорот Петер Соренсен вели дека големата поддршка на граѓаните за евроинтеграцијата на Македонија е потврда дека Брисел со право го подржал Охридскиот рамковен договор.

„Јас сум сосема уверен дека ќе ги надминете прашањата што стојат пред вас. Продолженото спроведување на Охридскиот договор ја демонстрира посветеноста на земјата кон европската иднина. Цврсто верувам дека предизвиците што стојат пред нас ќе бидат надминати на ист начин. Оттаму мојата анализа со проценките, има неколку поуки што треба да се извлечат, а треба да се спроведат на еден неконфликтен начин, а тоа е ЕУ, локална сопственост, храброст и гледање напред.“
Правото на образование на мајчин јазик е неспорно, но не треба да создаде поделби или да цементира стереотипи, односно да ги попречи врските што постојат меѓу заедниците.

В.д. амбасадор на САД, Брајан Агелер смета дека иако договорот има недостатоци и неговата имллементција не целосно спроведена, неговото потпишување отвори нови граници кон приближување на заедниците.

„Беше потребна смелост за луѓето со различни гледишта се здружат за да го потпишат тој договор, да го завршат конфликтот и да се стави рамка за да се изгради една подобра Македонија од која корист ќе имаат сите нејзини граѓани. Храброста се уште се бара кај лидерите на сите заедници во завршување на незавршеното, за да станат и словото и духот на договорот стварност.“

Раководителот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Ралф Брет вели дека на мултиетничноста треба да се гледа како на богатство. Тој се осврна и на проблемот во образованието, област во која се забележани одредени ризици поради постоењето јазична поделеност меѓу заедниците.

„Правото на образование на мајчин јазик е неспорно, но не треба да создаде поделби или да цементира стереотипи, односно да ги попречи врските што постојат меѓу заедниците.“

Заменик-помошникот државен секретар на САД, Филип Рикер на маргините на конференцијата изјави дека договорот е добар модел и решение на 21 век за спречување граѓански војни. Според него Македонија успеа да го спречи таквиот развој на настаните и треба да се гордее со тоа.

„Неговото доследно имплементирање треба да биде насоката преку која ќе се надминуваат предизвиците и проблемите кои постојат во сите држави, особено во мултикултурните средини“

На конференцијата треба да говорат и Даниел Сервер, американскиот академски експерт и предавач за конфликтен менаџмент и Абдулаќим Адеми, актуелниот министер за животна средина и просторно планирање.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG