Достапни линкови

Во Охрид конференција за Рамковниот договор


Потпишувањето на Рамковниот договор пред десет години
Потпишувањето на Рамковниот договор пред десет години

Рамковниот договор донесе мир и меѓуетничка толеранција - порака од конференцијата во Охрид.

Неопходно е најпрво да се воспостави мир, за да се развие демократијата, а тоа го направи Охридскиот договор, рече македонскиот претседател Горѓе Иванов на отварањето на дводневната конференција во Охрид по повод десетгодишнината од потпишувањето на договорот. Според
Договорот има двојна улога, инструмент кој обезбедува доверба од страна на граѓаните во државата и нејзините институции, но и како основа за градење и развивање на меѓуетничка доверба.

Иванов се покажува дека граѓаните од сите етнички заедници подобро соработуваат и се разбираат отколку политичарите:

„Договорот има двојна улога, инструмент кој обезбедува доверба од страна на граѓаните во државата и нејзините институции, но и како основа за градење и развивање на меѓуетничка доверба, тоа е нашиот пат на градење на функционално меѓуетничко општество.“

Заменикот претседател на македонската влада Муса Џафери вели дека за некој Рамковниот договор претставувал мировна политичка спогодба или компромис за крај на конфликот во 2001 година. Според него тој бил гаранција за иднината на Македонија.

На конференцијата не присустуваат потписниците на договорот, Бранко Црвенковски, Арбен Џафери и Љупчо Георгиевски

„Овој договор има значајна порака - НЕ на дискриминацијата, НЕ на етничката и територијална поделба и се кажа јасно ДА на толеранцијата и взаемното почитување на сите граѓани на Македонија, тоа е најголемата вредноста на Рамковниот договор на патот кон европската иднина на Македонија“, рече Џафери.

Заменикот државен потсекретар на САД Филип Рикер вели дека како партнери во создавање на договорот САД имаат интерес за негова имплементација за мир и стабилност на сите граѓани во Македонија.
Овој договор има значајна порака - НЕ на дискриминацијата, НЕ на етничката и територијална поделба и се кажа јасно ДА на толеранцијата и взаемното почитување на сите граѓани на Македонија

„Овде на Балканот и во светот гледаме дека различностите се реалност на сите земји и тие што ќе ја препознаат шансата понудена од различностите, работат за доброто на општеството. Едно од основните начелна на Охридскиот рамковен договор е дека нема територијално решение за етничките различности“, рече Рикер.

На конференцијата ќе се обратат и Џејмс Пердју, олеснувачот на договорот и Ален Ле Рој, генерален потсекретар за мировни операции на ОН.
На конференција не присустуваат потпишувачите на Охридскиот договор, Бранко Црвенковски, Арбен Џафери и Љубчо Георгиевски.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG