Г-дине Џафери преземате нова функција во време кога Собранието ги изгласа законот за употреба на јазиците, за знамето и законот за амнестија, односно автентичното толкување на законот за амнестија. Значи трите спорни закони што предизвикаа доста реакции во јавноста. Можеме ли да зборуваме за проширување на Охридскиот рамковен договор?
Имаме два закони и едно автентично толкување на законот за амнестија кој е донесен во 2002 година, што не е исто. Тоа што некои медиуми или аналитичари сакаат да го анализираат тоа како да е премината рамката, мислам дека не е така, на пример Уставниот суд толкуваше некои членови на законот за употреба на симболите на етничките заедници и покажа потреба од дополнување на законот да не остане тој вакум и тука мислам дека се е процедурално и суштински е во склоп на Охридскиот договор и Уставот. Што се однесува до законот за употреба на јазиците има прецизирање на некои работи во некои одредби на законот и навистина незнам зошто такви толкувања дека нешто е преку „рамката“ на договорот.
Значи од она што го кажавте можам да заклучам дека не се согласувате со коментарите на опозицијата дека Охридскиот рамковен договор практично е претворен во документ за политичко пазарање конкретно меѓу коалициските партии?
Јас имам друго мислење. На пример кај нас сеуште има зависно од која групација, граѓанска организација или индивидуа што го толкува договорот вака или онака, има и такви кои мислат дека Рамковниот договор е пропаднат. Прво треба да бидеме конзистентни, делот од Рамковниот договор, или суштинскиот дел е преточен во Уставот на државата и ние правиме една логична грешка кога велиме дека Рамковниот договор е мртов, не функционира бидејќи требаше да се имплементира до крај на 2004 година или до 2007, 2008 година. Која е таа логика дека може дел од Уставот каде има многу значајни амандмани да ги коментира некој дека се мртви. Другиот дел или политичкиот дел, или како што го нарекуваат „духот“ на Рамковниот договор, како да се постигне мирот и соживотот, тука може да се дискутира и анализира, но тие делови на Рамковниот договор кои се дел од Уставот како амандмани, а преку тоа и законите, тука нема простор за такви коментари. Дали ќе биде потребно во некој дел да се реформира Уставот, тоа е нормален политички и правен процес кој се случува кај сите држави. Тогаш можеби ќе биде потребно да се реформираат некои делови од Уставот, но сега неможам да инпровизирам или прејудицирам.
Значи не исклучувате таква можност?
Не треба да заборавиме која беше улогата и важноста на тој историски момент - 13 Август 2001. Не е исто ако ние од овој момент, 2011, го анализираме Рамковниот договор.
Затоа што имаме нова реалност, затоа што условите не се како во 2001 година?
Нормално, главната цел беше дали може тој договор да го донесе мирот во тој момент и преку тоа да се отвари патот, можноста, на политичкиот процес преку дијалог, преку реформи во Уставот, преку реформи во целокупниот политички систем во тие столбови.
Г-дине Џафери еден од столбовите на Рамковниот договор е правичната застапеност на припадниците од другите заедници. Како ги коментирате тврдењата дека тоа се малку повеќе се злоупотреби и прерасна во превработеност?
Јас знам дека во Уставот тоа стои поинаку - дека ќе има позитивна дискриминација на тие етнички заедници кои беа дискриминирани во тој правец. Не се согласувам, бидејќи тоа се споредува со статистички бројки. Ако нашата администрација има 110 илјади вработени, импровизирам чисто како пример, значи не треба да се бара вината кај тие што ја спроведуваат правичната застапеност заради тоа што е уставна обврска, туку имаме друг проблем, дека нашата администрација е преголема, дека треба да имаме некоја реформа. Да не се натпреваруваме во тоа дали ако има 23% застапени Албанци во администрацијата, па дај сега да вработиме уште од останатите етнички заедници, со тоа автоматски го губиме тој процент. За мене тоа е една жива динамика, неможеме да кажеме дека математички стигнавме до тоа и сега сме мирни.
Дали во овој контекст планирате нови вработувања и во кои сектори?
Јас не сум во тек и не би сакал да шпекулирам после изборите и со преземањето на новата функција. Ако тоа се покаже за потребно сигурно дека ќе се внимава на тоа. Ние постигнавме во поглед на тоа голем успех, ако се гледа квантитативно како број, но тоа не би значело дека припадниците на етничките заедници би биле задоволни само ако се вработуваат како бројка, а без да бидат унапредувани на некои функции каде што ќе имаат влијание да креираат некоја административна политика или да преземат одговорност, да се чувствуваат дека се застапени.
Кога зборуваме за Охридскиот рамковен договор најчесто се зборува за правата на Албанците. Што е со правата на другите етнички заедници?
Ние имаме одговорност во нашето општество, но неможеме само ние да ја имаме таа одговорност дали се застапени, како се чувствуваат другите помали заедници и што треба да се прави?
Ние во тој правец го почитуваме Уставот. Нашиот систем има Агенција која треба да биде загрижена за тие кои се под 20% застапени. Ние или ќе ги реализираме системски работите, без да диференцираме дали Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор ќе се грижи само за Албанците или ќе се грижи да се имплементира Уставот и законите, без разлика дали се работи за албанската заедница или ромска, српска, босанска итн.
Дали Охридскиот рамковен договор во врати меѓуетничкиот соживот, дали денеска можеме да кажеме дека имаме релаксирани меѓуетнички односи и дека се намалува оној процент на македонската етничка заедница кој што имаше негативен став кон Охридскиот рамковен договор?
Прво, Рамковниот договор како документ е замислен како да функционира Уставот и политичкиот систем. Дали ќе има од таа гледна точка соживот и што значи тоа? Дали ако ние субјективно не сакаме да пиеме кафе заедно или да одиме некаде заедно на викенд, значи дека не се согласуваме со Уставот, дека не го почитуваме политичкиот систем, не се однесуваме дисциплинирано спрема законите... Рамковниот договор го врати мирот, Рамковниот договор во голем степен ја постигна од полититчки аспект кажано, лојалноста кон институциите. Ние треба да тестираме во која мера Албанците, Турцитеи другите, но пред се централно зборуваме за Албанците, ја постигнале довербата во институциите, Парламент, влада, судска власт, одбрана итн. Зошто на пример Албанците немаат доволно доверба во судската власт, зошто немаат доверава во безбедносните органи...
Но, г-дине Џафери во судската власт генерално доверба немаат ниту македонските граѓани, не е то асамо кај Албанците?
Па, тоа ми беше намерата, дека ако сакаме ние да ги злоупотребуваме овие теми тоа го диференцираме како, Албанците немаат доверба во судската власт заради тоа што има аргумент дека Албанците не се застапнени доволно во судската власт, и тоа стои. Кога ние ќе постигнеме да тие бидат доволно застапени во судската власт сигурно повторно ќе имаме отварање на темата дека не се задоволни, дека немаат доверба, што укажува на тоа дека проблемот не е во тоа, туку дека не се однесуваат одговорно, не се почитуваат законите, можеби имаме случи на корупција, злоупотреби на функцијата итн.