Договорот кој во 2001 година донесе мир ги остварува намерите, неговата главна цел да се стави крај на воениот конфликт беше остварена уште тогаш, но истиот постигна и напредок во поглед на почитување на правата на етничките заедници. Дел од луѓето кои директно беа вклучени во преговорите во 2001 година се сеќаваат на овој документ како на основа за задржување на државата како заедничка. Професорот Владо Поповски вели дека Охридскиот договор создаде нова реалност,
резултатите што тој ги постигна не се за потценување, вели Поповски:
„Не беше толку декларативно според Уставот или според законите меѓутоа таа беше фактичка и таа дискриминација беше огромна и во областа на образованието, на пример 5% со високо образование имаше Албанци, а тие во населението учествуваа со 24%, во администрацијата имаше 2-3% .“
Преговорите во 2001 година се водеа со посредство на претставници на меѓународната заедница, во годините што следеа таа будно го следеше спроведувањето на овој документ, укажувајќи на потребата од негово целосно имплементирање. Поповски вели дека очекувањата денес се исполнети.
„Многу е сторено од 2001 година до денеска, еве имаше и изјави на
претставници на меѓународната заедница дека оние скарани страни, сега се коалициони партнери.“
Еден од директните учесници во преговорите беше и Џевдет Насуфи. Иако се согласува дека договорот ја остварил својата примарна цел во времето кога беше потпишан, Насуфи изразува разочараност од динамиката на негово спроведување. Политичките структури ги смета за виновни за таквата ситуација, укажува и на можноста од влошување на соживотот доколку договорот не биде спроведен во целост.
„Веќе од 2002 година и наваму има тенденции кои можеби им одговараат на одредени политички структури и од едниот и од другиот политички блок, за состојбите да одат вака како што одат, меѓутоа на долг пат овие состојби и на меѓуетнички план кои нормално се поврзани и со Охридскиот договор не одат во прилог на таквите претензии.“
Експертите сметаат дека не треба да се поставуваат рокови за спроведување на договорот оти тој бил концепт на константно одржување на системот на еднаквост и недискриминација, а истиот бил услов за одржливост на државата.
Дека рамковниот договор е клучен за иднината на Македонија и нејзините евроатлантски интеграции укажа и американскиот амбасадор во земјава Филип Рикер. Тој изјави дека политичкото лидерство мора да продолжи да го имплементира договорот.
А, дека тоа е потешкиот дел од договорот укажа и Џејмс Пердју, кој како претставник на Соединетите Држави учествуваше во преговорите во 2001 година.
Не беше толку декларативно според Уставот или според законите меѓутоа таа беше фактичка и таа дискриминација беше огромна и во областа на образованието, на пример 5% со високо образование имаше Албанци, а тие во населението учествуваа со 24%, во администрацијата имаше 2-3%.
резултатите што тој ги постигна не се за потценување, вели Поповски:
„Не беше толку декларативно според Уставот или според законите меѓутоа таа беше фактичка и таа дискриминација беше огромна и во областа на образованието, на пример 5% со високо образование имаше Албанци, а тие во населението учествуваа со 24%, во администрацијата имаше 2-3% .“
Преговорите во 2001 година се водеа со посредство на претставници на меѓународната заедница, во годините што следеа таа будно го следеше спроведувањето на овој документ, укажувајќи на потребата од негово целосно имплементирање. Поповски вели дека очекувањата денес се исполнети.
„Многу е сторено од 2001 година до денеска, еве имаше и изјави на
претставници на меѓународната заедница дека оние скарани страни, сега се коалициони партнери.“
Еден од директните учесници во преговорите беше и Џевдет Насуфи. Иако се согласува дека договорот ја остварил својата примарна цел во времето кога беше потпишан, Насуфи изразува разочараност од динамиката на негово спроведување. Политичките структури ги смета за виновни за таквата ситуација, укажува и на можноста од влошување на соживотот доколку договорот не биде спроведен во целост.
Веќе од 2002 година и наваму има тенденции кои можеби им одговараат на одредени политички структури и од едниот и од другиот политички блок, за состојбите да одат вака како што одат, меѓутоа на долг пат овие состојби и на меѓуетнички план кои нормално се поврзани и со Охридскиот договор не одат во прилог на таквите претензии.