Граѓанската асоцијата „Мост“ бара од надлежните органи да преземат соодветни мерки поради предвремено почнување на изборната кампања.
Веќе стана практика политичките партии предвреме да да ја започнат изборната кампања. Политичките партии ги прекршија изборните правила со промоции на програми и кандидати, и тоа може да влијае врз целокупниот изборен процес. Ова е заклучокот на граѓанската асоцијација „Мост“, според податоците од извештаите од набљудувањето.
Според законот, билбордите со политички пораки, медиумското и интернет претствување, дистрибуирањето на партиски печатени материјали, јавното претствување на кандидати... спаѓаат во изборна кампања која требаше да започне 20 дена пред изборите, а не порано. Претседателот на „Мост“, Дарко Алексов, вели дека непочитувањето на законот произлегува од минималните казни предвидени за тоа и неконзистетната реакција на Државната изборна комисија која е надлежна да поведе постапка за основано сомнение дека е прекршен законот.
„Од овде произлегуваат две прашања: Дали надлежните органи ќе преземат соодветни мерки против сторителите за предвремено почнување на изборната кампања и дали партиите средствата кои веќе ги потрошија за настаните за предвреме започнатата изборна кампања ќе ги прикажат во своите финансиски иввештаи.“
Претседателот на Државната изборната комисија Борис Кондарко, во интервјуто за Радио Слободна Европа, изјави дека е очигледно дека повеќето партии го злоупотребуваат периодот пред официјалниот почеток на кампањата за политичко промовирање.
„Ние не бегаме од нашата законска надлежност да ги отвориме тие прашања и да ги разгледаме и да постапиме доколку најдеме основ, меѓутоа непрецизноста на законот и немањето на конкретни претставки, ние не можеме поединечно како членови на ДИК или како стручни служби да шетаме низ цела држава и да ги детектираме тие работи, значи ние не утврдуваме вина, ние не можеме да бидеме истражен орган.“
Правникот и поранешениот антикорупционер Драган Малиновски вели дека доколку се бара дупки во законот секогаш може да се најдат и политичките партии вешто ги користат некои условно речено недоречености, но законот дава доволна основа да може да се дефинира и што значи изборна кампања иактивност и да се делува по него.
„Тој е онолку доречен колку што сакаме совесно и коректно да го толкуваме и применуваме. Значи ако се обидуваме да бараме негови празнини, секогаш ќе ги најдеме и очигледно дека политичките партии свесно ги користат некои условно кажано недоречености и ако самиот закон дефинира што значи изборна кампања, што значи изборна активност итн.“
Случајот со евентуалните списоци на граѓаните врз кои се врши притисок за гласање, доколку се докаже како вистинит претставува серизоно прекршување на Изборниот и Кривичниот законик, според кој сторителот може да се казни со најмалку три години затвор, соопшти„Мост“. Кондарко изјави дека ако се докаже вистинитоста на таа афера, тоа може да остави сериозна дамка врз регуларноста на изборите и резултатите. „Мост“ им порача на политичките партии, надлежните државни органи и сите учесници во изборниот процес да не си ја префрлаат вината едни на други, туку конечно да го прифатат фактот дека тие ја имаат најголемата одговорност за спроведување на фер и слободни избори.
Според законот, билбордите со политички пораки, медиумското и интернет претствување, дистрибуирањето на партиски печатени материјали, јавното
Од овде произлегуваат две прашања: Дали надлежните органи ќе преземат соодветни мерки против сторителите за предвремено почнување на изборната кампања и дали партиите средствата кои веќе ги потрошија за настаните за предвреме започнатата изборна кампања ќе ги прикажат во своите финансиски иввештаи.
„Од овде произлегуваат две прашања: Дали надлежните органи ќе преземат соодветни мерки против сторителите за предвремено почнување на изборната кампања и дали партиите средствата кои веќе ги потрошија за настаните за предвреме започнатата изборна кампања ќе ги прикажат во своите финансиски иввештаи.“
Претседателот на Државната изборната комисија Борис Кондарко, во интервјуто за Радио Слободна Европа, изјави дека е очигледно дека повеќето партии го злоупотребуваат периодот пред официјалниот почеток на кампањата за политичко промовирање.
„Ние не бегаме од нашата законска надлежност да ги отвориме тие прашања и да ги разгледаме и да постапиме доколку најдеме основ, меѓутоа непрецизноста на законот и немањето на конкретни претставки, ние не можеме поединечно како членови на ДИК или како стручни служби да шетаме низ цела држава и да ги детектираме тие работи, значи ние не утврдуваме вина, ние не можеме да бидеме истражен орган.“
Правникот и поранешениот антикорупционер Драган Малиновски вели дека доколку се бара дупки во законот секогаш може да се најдат и политичките партии вешто ги користат некои условно речено недоречености, но законот дава доволна основа да може да се дефинира и што значи изборна кампања и
Очигледно дека политичките партии свесно ги користат некои условно кажано недоречености и ако самиот закон дефинира што значи изборна кампања, што значи изборна активност итн...