Стари фрази, нова кампања

Според експертите, изборната кампања нема да донесе ништо ново во однос на минатото. Тие очекуваат жестоки напади на политичките противници.
Средби со граѓани, митинзи ширум земјава, веќе слушната реторика, стари ветувања, познати фрази и идеи кои се провлекуваат во неколку изборни циклуси. Судејќи според стартот на кампањата, следните дваесеттина дена ќе бидат веќе видено сценарио, велат политичките аналитичари.
Овој начин е многу поволен за партиите, затоа што им овозможува да го искажат гневот.


И оваа изборна кампања не нуди ништо ново, туку само покажува дека партиите не се креативни и инвентивни, вели универзитетскиот професор Алајдин Демири.

„Овој начин е многу поволен за партиите, затоа што им овозможува да го искажат гневот.“

Ваквиот начин на водење кампања е застарен, но профитабилен и затоа нашите политички субјекти го одбираат, посочува Демири.

Код за фер избори

„Затоа што нивото, политичкото ниво го одржуваат само со ваква храна, значи карање, пцуење и нормално фалба за себе си.“

Според Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања, оваа кампања е поразлична од претходните поради поголемата употреба на Интернетот и употребата на модерните мас медиуми.

„Има многу поголем ангажман во однос на оние фејсбук кампањи, разни блогови, има многу повеќе портали. Новина е што се повеќе, особено кај ВМРО-ДПМНЕ, се користат модерните средства, модерните мас-медиуми.“
Негативната кампања ги одвлекува гласачите. Односно, неопределените гласачи, оние коишто се разочарани од власта со негативна кампања во најголем дел не излегуваат.

Божиновски признава дека реториката е веќе слушната, но предупредува дека негативната кампања неповолно ќе се одрази врз големиот број неопределени гласачи.

„Негативната кампања ги одвлекува гласачите, односно, неопределените гласачи, оние коишто се разочарани од власта со негативна кампања во најголем дел не излегуваат.“

Се уште не се знае дали оваа кампања ќе не изненади со долгоочекуваниот телевизиски дуел помеѓу лидерите на двете најголеми партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. На вчерашниот митинг на Социјалдемократите, лидерот Бранко Црвеновски го повика премиерот Никола Груевски на отворено соочување пред македонската јавност.