Политичарите се погласно нудат розова иднина за граѓаните по изборите, во обид да ја прикријат сивата реалност.
До 5 јуни потоп, ама ако се исполнат политичките ветувања по изборите ќе исплови Арката на Ное и сите ќе живеат среќно до наредните избори. Вака од прилика може да се протолкуваат предизборните ветувања на политичките партии.
Во предизборната кампања политичарите ветуваат „брда и долини“, странски инвестиции во вредност од 500 милиони евра, државна социјална пензија,бесплатно здравство, нови субвенции за неколку стопански гранки, брз влез во НАТО и во ЕУ. На хартија се пакува се што народот сака да слушне, плакати со старо – нови слогани проширени и надградени ги китат улиците, се рециклираат предизборни неверојнтни ветувања само за да се добие глас повеќе на изборите. Кампањата официјално се уште не е почната, а политичарите се погласно нудат розова иднина за граѓаните по изборите, но граѓаните се помалку им веруваат.
„Не верувам, мислам дека тоа се ветувања пред избори и довербата кај мене лично, слабо.“
„Сите партии што се не ветуваат пред изборието, во состојба се месечината да ви ја симнат долу.“
„Па, би требало да ги исполнат.“
„Мислам да апстинирам од избори, од гласање, со оглед на тоа меѓу кој избор сме доведени.“
„Зависи за кого како.“
Политичките кампањи се повеќе наликуваат на топ-шоп понуди.
Комуникологот Сеад Џигал вели дека оваа политичка комуникација се претвара во комерцијална презентација .
„Кога гледате реклами во кои што некој банален производ или алатка од секојдневието се претставува како нешто што ќе ве направи среќен за цел живот така и во политичката комуникација. Се губи таа реалност или онаадимензија, дека се е остварливо. Се оди до степен на разубавувања кои варираат од неколку илјади долари инвестиции или вработување во секое семејство.“
Тој додава дека причината за ваквите предизборните кампањи е обидот на политичарите да ја прикријат сивата реалност.
„Тоа е тактика на орасположување на јавноста или потенцијалните гласачи кон кои тие се обраќаат, но клучна стратегија е потиснување на она што е навистина лошо работење во минатото.“
Експертите велат дека политичарите со разубавувената слика сметат дека ќе успеат да го зголемат ентузијамот кај граѓаните за да заборават на минатото и да гласат за нив.
Во предизборната кампања политичарите ветуваат „брда и долини“, странски инвестиции во вредност од 500 милиони евра, државна социјална пензија,
Не верувам, мислам дека тоа се ветувања пред избори и довербата кај мене лично, слабо.
„Не верувам, мислам дека тоа се ветувања пред избори и довербата кај мене лично, слабо.“
„Сите партии што се не ветуваат пред изборието, во состојба се месечината да ви ја симнат долу.“
„Па, би требало да ги исполнат.“
Мислам да апстинирам од избори, од гласање, со оглед на тоа меѓу кој избор сме доведени.
„Мислам да апстинирам од избори, од гласање, со оглед на тоа меѓу кој избор сме доведени.“
„Зависи за кого како.“
Политичките кампањи се повеќе наликуваат на топ-шоп понуди.
Комуникологот Сеад Џигал вели дека оваа политичка комуникација се претвара во комерцијална презентација .
„Кога гледате реклами во кои што некој банален производ или алатка од секојдневието се претставува како нешто што ќе ве направи среќен за цел живот така и во политичката комуникација. Се губи таа реалност или онаа
Кога гледате реклами во кои некој банален производ или алатка од секојдневието се претставува како нешто што ќе ве направи среќен за цел живот така и во политичката комуникација.