Србија се приближува кон НАТО?

Србија - воена вежба кај Пештер

Србија за прв пат ќе учествува во една мировна мисија на Европската унија. Станува збор за Сомалија, а според аналитичарите, тоа е неминовност на патот на евроинтеграциите, но и затоплување на односите со НАТО по бомбардирањето на земјата за време на Косовската криза во 1999 година.
Србија ја очекува потпишување на договор за безбедност со Европската унија со што ќе се овозможи учество на нејзини војници во мисиите на Унијата. Ова доаѓа во момент кога европската интеграција е едно од главните прашања во земјата. Со учеството на Србија во мисија на ЕУ во Сомалија се прави чекор напред во тој правец, вели Тања Мишќевиќ, државен секретар во Министерството за одбрана на Србија.

„Тоа значи дека Србија покажува едно сосема друго разбирање за сопствената безбедност. Денеска таа не се брани на границите на државата туку со учество во разни мисии.“

Станува збор за операцијата Аталанта, чија цел е борба против пиратите во Аденскиот Залив. Србија нема море, но има искусни офицери кои на времето служеа во Црна Гора, а сега се во речната морнарица на земјата. Неодамна српска воена делегација го посети и американскиот носач на авиони Ентерпрајс кој плови во Средоземното Море. Сетоа тоа се прави внимателно поради јавноста и бомбарирањето на Србија за време на косовската криза во 1999 година.
Марко Милошевиќ од Центарот за цивилно - воени односи во Белград вели:
Некако целата приказна со НАТО се спомнува само во контекст на Европската унија. Проблем е што прашањето за членство во НАТО ако дојде на дневен ред ке треба да биде ставено на референдум.

Србија - Црна Гора / воена соработка


„Но некако целата приказна со НАТО се спомнува само во контекст на Европската унија. Политичка одлука е да се соработува, но да не се зборува многу поради можен негативен одглас во јавноста. Интересно е што пак нашата војска премининува на стандардите на НАТО. Војската со тоа нема проблем, тоа се најдобри стандарди. Проблем е што прашањето за членство во НАТО, ако еден ден дојде на ред, ќе мора да биде ставено на референдум.“

Според српското Министерство за одбрана, соработката меѓу САД и Србија во одбраната е најдобар дел од билатералните односи.