Достапни линкови

Клинтон и Тадиќ - Преговори со Приштина што поскоро


Државната секретарка на САД Хилари Клинтон и српскиот претседател Борис Тадиќ на денешната средба во Белград
Државната секретарка на САД Хилари Клинтон и српскиот претседател Борис Тадиќ на денешната средба во Белград

Разликите меѓу САД и Белград, како што е прашањето на Косово може да се надминат со дијалог.

Разликите меѓу САД и Белград, како што е прашањето на Косово може да се надминат со дијалог, заклучија државната секретарка на САД Хилари Клинтон и српскиот претседател Борис Тадиќ по денешната средба во Белград.
По средбата, Клинтон изјави дека САД силно го подржуваат европскиот пат на Србија. Таа оцени дека резолуцијата на ОН за Косово претставува добра основа за дијалог меѓу Белград и Приштина. Таа нагласи дека таквиот дијалог позитивно ќе влијае на односите на Србија со соседите, со ЕУ и со САД.

Српскиот претседател Борис Тадиќ рече дека разговорите Белград-Приштина треба да почнат што поскоро, но дека Србија нема да го признае Косово.


Тој додаде дека Србија прави се да ја затвори страницата на историјата од 1990-тите и затоа сака да ги упаси преостанатите двајца хашки бегалци Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ. Клинтон изјави дека тие напори „мора да се ценат“.

Предвидено е Клинтон во Белград да се сретне и со премиерот Мирко Цветковиќ. На тој состанок ќе присуствуваат и вицепремиерите Ивица Дачиќ, Божидар Ѓелиќ и Млаѓан Динкиќ. Клинтон треба да се сретне и со српскиот шеф на дипломатијата Вук Јеремиќ и со министерот за одбрана Драган Шутановац.


Прогресот мора да биде внатрешен


Таа во Белград пристигна денеска од Сараево каде што ја започна дводневната турнеја на Балканот. Во Сараево, таа ги повика Босна и Херцеговина, Србија и Косово да ги надминат етничките поделби, да ги усвојат реформите и да создадат услови за долгорочен напредок. Во спротивно, рече таа, ризикуваат да заостанат на патот кон ЕУ у НАТО.

„Ние ги подржуваме сите граѓани на БиХ да бидат дел од демократска и мултиетничка држава. Ние не подржуваме сецесија од која било страна. Тоа е губитничка позиција. Според нашите проценки, целосна Босна и Херцеговина е многу посилна и поспособна на патот напред кон Европската унија отколку да е распадната.“

Таа смета дека треба да се преземат активности што ќе доведат до поголема стабилност на Босна.

Надворешниот притисок има своја улога но одлуките мора да се донесат од внатре.


„Секако, САД ке продолжат да зборуваат против оние кои му попречуваат на процесот на стабилноста, но одлуките за движење напред мора да се донесат од внатре во земјата. Надворешниот притисок има своја улога, но според моето искуство, луѓето треба да седнат и внатре да се согласат“.

Не постои подобар начин да се постигне одржлив економски раст и долгорочна политичка стабилност од интегрирањето во Европа, изјави американската државна секретарка. Таа рече дека пораката за сите три држави - БиХ, Србија и Косово е иста.

Нејзината балканска турнеја завршува утре со посетата на Приштина.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG