Американскиот државен секретар Хилари Клинтон синоќа допатува во Сараево во рамките на турнејата во земјите од регионот. Таа денеска во Сараево ќе присуствува на церемонијата на отворање на нова зграда на амбасадата на САД, ќе разговара со членовите на претседателството на БиХ и со претставниците на Меѓународната заедница. Американски официјални претставници претходно најавија дека Клинтон на средбите со политичките лидери на БиХ уште еднаш ќе ја нагласи подготвеноста на САД да помогнат во евроатланската интеграција на земјата, но потсети и на обврските кои БиХ мора сама да ги исполни. Посетата на Клоинтон е проследена со големи мерки на безбедност. Попладне Клинтон од Сараево патува за Белград.
,,Американскиот секретар не избегнува никого. Таа жали што, во рамките на ова патување, нема да биде во можност да ги посети сите земји во регионот. Нејзиното време е исклучително ограничено,, изјави деновиве помошник американскиот државен секретар за европски и евроазиски работи Филип Гордон најавувајќи го престојот на Клинтон во регионот.
Според него, таа в четврток треба да учествува на важен состанок во Брисел на кој, како што додаде, со европските лидери ќе дискутира токму за Балканот и за неговата перспектива во Европската унија.
Хилари Клинтон турнејата ја почнува во Сараево.
Потоа Клинтон заминува за Белград и Приштина за да ги охрабри српските и косовските лидери да започнат директни разговори:
,,Со големо нетрпение ја очекувам мојата посета на Белград и Приштина, како и можноста да разговарам не само со лидерите, туку и со граѓаните, за нивната европска иднина. Европската унија и Соединетите држави се подготвени да им помогнат и да ги убедат двете страни да постигнат спогодба.,,
Изјави Клинтон пред неколку дена во Стејт департментот.
Претходно Белград упати сигнал дека би можело директно да разговара со Приштина и покрај инсистирањето дека никогаш нема да го признае Косово како независна држава.
Клинтон, освен во Приштина, ќе престојува и во српската општина Грачаница.
,,Таа ќе оди таму за да се сретне со општинските лидери кои се срби и тоа е знак за нашето ангажирање со сите заедници во Косово. Ние бевме апсолутно јасни од почетокот дека цврсто ја поддржуваме независноста на Косово, но ние исто така го охрабруваме Косово да обезбеди соодветна застапеност за сите етнички групи.,,
Изјави помошник секретарот за европски прашања Гордон кој додаде дека Клинтон во Белград ќе го покрене и прашањето за апсење на поранешниот воен лидер на босанските срби генерал Ратко Младиќ по кого Хашкиот трибунал има покренато обвинение за воени злосторства.
,,Тоа останува висок приоритет за Соединетите држави: Младиќ да се најде пред лицето на правдата. Ние работиме со Белград на таа агенда и нашиот впечаток е дека владата на Србија прави сериозни напори за да го најде.,,
Изјави Филип Гордон, кој повтори дека главната порака на Хилари Клинтон за балканските земји е дека нивното место е во евроатлантските структури и оти тоа може да се постигне преку политички компромис и демократски реформи.

Главната порака на Хилари Клинтон за балканските земји е дека нивното место е во евроатлантските структури и оти тоа може да се постигне преку политички компромис и демократски реформи