Дали Србија со евентуалното влегување во НАТО би го признала Косово, или како да се сфати предупредувањето од Москва дека доколку Србија стане членка на Алијансата, Русија ќе нема друг избор освен да го признае Косово. Со други зборови, Русија порача дека нема намера да го толерира евентуалното доближување на Србија до НАТО.
НАТО може да ја прими Србија само со променети граници, односно без Косово, а тоа значи дека српската влада ќе го признае суверенитетот на Косово, изјави деновиве рускиот амбасадор во НАТО, Дмитриј Рогозин. Новинарот во рускиот сервис на Радио Слободна Европа, Андреј Шари оценува:
“Тој секогаш поголем светец од Папата. Ако Рогозин изнесува некој став, тоа можеби ќе биде на надворешно политичката агенда на Русија, но тоа не мора да е и официјален став. Рогозин беше во националистичката опозиција на Кремљ, а потоа беше испратен да работи за Русија во седиштето на НАТО во Брисел”.
Од друга страна, јасно е дека Русија не би сакала да ја види Србија во НАТО, бидејки ја смета за сојузник. Изјавата на Рогозин дојде во време кога и во Србија се расправа за евентуалното приклучување во НАТО и всушност е аргумент на поборниците на идејата дека Србија треба да биде неутрална. Околу 200 јавни личности потпишаа петиција со која се бара референдум за евентуалното приклучување во НАТО. Една од потписничките, новинарката Лилјана Смајловиќ, исто така смета дека евентуалното членство во Алијансата би значело дека Србија го признава Косово.
“За влез во НАТО би морале да покажеме такво ниво на добро-соседски односи со Косово, што би било еднакво на признавање”.
Но има и мислења дека пораката од Москва е еден вид уцена за Србија, нагласува Филип Ејдус, асистент на факултетот за политички науки во Белград.
“На тој начин ми се чини дека Руската Федерација се обидува да го спречи проширувањето на НАТО на овој дел од Балканот”.
Сепак, членството на Србија во НАТО моментално не е на дневен ред, ниту во Белград, ниту во Брисел. Меѓутоа кога би станало актуелно, секоја земја членка може да отвори некое прашање што смета дека е битно, како што направи Грција во случајот со Македонија.